Веќе некое време, благодарение на познатите дами кои ги популаризираа, мат кармините се апсолутен хит на пазарот. Меѓутоа, поради својата текстура и ефектот без сјај кој треба да го креираат, тие најчесто на усните оставаат чувство на исушеност и затегнување. Па затоа, прочитајте ги следниве неколку совети кои ќе ви послужат за полесно нанесување и поради кои овие кармини ќе изгледа беспрекорно на вашите усни во текот на целиот ден.rnrn
rn
1. Направете пилинг на усните
rnИако најчесто се препорачува триење на усните со четка за заби, таа за нив најчесто е прегруба, особено ако имате чувствителна кожа. Наместо четка, користете тенко памучно марамче или крпа од мек материјал, со која секоја вечер нежно ќе ги триете усните и на тој начин ќе ги отстраните мртвите клетки.rn
2. Сите бои убаво ви стојат!
rnМат кармините, освен чувството на сувост кое го оставаат на вашите усни, честопати може и така да изгледаат и да создаваат илузија дека секоја нијанса не изгледа подеднакво добро. Па затоа, пред да го нанесете карминот на усните, нанесете малку течна пудра која инаку ја користите, а која помеѓу вашиот кармин и усни ќе создаде неутрален слој кој дополнително ќе ја интензивира нијансата на карминот.rn
3. Без четка
rnИако најчесто кога се нанесува некој козметички производ, се препорачува да се нанесе со четка за шминкање, кога станува збор за кармините, ова не е толку добро решение. Карминот треба да го нанесете директно на усните, бидејќи само така рамномерно ќе го размачкате.rnrn
rn
4. Молив за усни
rnЗвучи необично, но верувајте дека дава најдобри ефекти! Всушност, наместо вообичаеното нанесување молив пред нанесување кармин, нанесете го после карминот. Само на овој начин ќе ги избегнете безуспешните обиди за да нацртате прецизни линии и да ги исцртате усните беспрекорно.rn
5. Бришење на карминот
rnИако мат карминот се брише малку потешко од обичниот, па дури и од останатата шминката, сепак и за ова постои решение. Наместо да го бришете со агресивни средства или марамчиња за бришење шминка, направете го тоа со тупфер и блага крема или лосион за тело. Тие ќе ги отстранат сите траги од карминот, но исто така, ќе ги и нахранат вашите усни.rnrn
