КАФЕ ПАУЗА

Неколку начини да го избегнете јадењето во доцните часови

Повеќето луѓе имаат навика да јадат доцна навечер, кога седат пред телевизија или пред компјутер. Но, сите знаеме дека јадењето доцна и особено пред спиење е штетно, пред сѐ поради тоа што доведува до зголемување на телесната тежина што е штетна од повеќе аспекти. Доколку и вие сте од оние што имаат навика да јадат што било пред легнување, еве неколку начини кои ќе ви помогнат да го избегнете копнеењето по храна.rnrnНеколку начини да го избегнете јадењето во доцните часовиrn

1. Препознајте кога сте само стрвни

rnНаместо да посегнувате по слатки работи секоја вечер, обидете се да сфатите по која храна најчесто копнеете по вечерата и дали ви е само навика.rn

2. Јадете повеќе протеини

rnНоќното посегнување по храна може да биде начин вашето тело да ви каже дека не сте јаделе доволно. Консумирањето екстра протеини со вашиот последен оброк може да ви помогне да го елиминирате чувството на глад подоцна.rn

3. Пијте чаеви од билки

rnАко имате обичај да јадете ужина после вечерата, обидете се да ја замените со чаша чај. Ова е и одлична можност да се опуштите пред спиење и да ги отстраните мислите за храна.rn

4. Пешачете

rnКога ноќта ќе почувствувате глад, избегнете го искушението и отидете на прошетка. Свежиот воздух и лесните вежби ќе ви помогнат да ги тргнете мислите за дополнителна ужина, а и подобро да заспиете.rn

5. Спијте повеќе

rnКога не спиете доволно, вашето тело може да одговори на тој начин што ќе чувствувате глад. Истражувањата покажуваат дека луѓето коишто спијат помалку имаат поголема веројатност да направат полош избор на храна.rn

6. Но, доколку морате да јадете, нека биде тоа здраво!

rnАко морате да јадете нешто, бидете сигурни дека пред себе имате здрав оброк. Ви треба солено? Земете си пуканки. Ако пак имате желба за нешто благо, одберете некое овошје.