Иако најголемите филмски хитови се поврзани со летото, тоа не значи дека есента и зимата не носат ништо интересно на ова поле. Напротив, има многу поинтересни филмови што треба да се изгледаат во наредните неколку месеци, а за нив може да прочитате подолу.rnrn
rn
1. „Извадете ги ножевите“ (Knives out)
rnОвој филм е мистерија со класичен заговор како оној од романите на познатата Агата Кристи и ни носи ѕвездена актерска екипа и добро познато име зад режисерското „кормило“.rnrnПриказната за убиството на писателот на крими-романи во неговиот дом ја раскажува Рајан Џонсон, некогаш сакан од публиката заради „Убијци од иднината“, сега малку омразен заради осмото продолжение на сагата „Војна на ѕвездите“.rnrnУлогите ги толкуваат Даниел Крег, Крис Еванс, Џејми Ли Кертис, Тони Колет, Мајкл Шенон, Ла Кит Стенфилд и Ана де Армас.rnrnrn
2. „Двајцата папи“ (The Two Popes)
rnДвајцата одлични актери во насловните улоги веќе толкуваа контроверзни религиозни водачи, па не се сомневаме дека и тука ќе имаат одличен настап.rnrnЕнтони Хопкинс и Џонатан Прајс ќе го оживеат на „големото платно“ историското ривалство што постоело помеѓу папата Бенедикт и кардиналот Берголи, кој подоцна стана познат како папата Франциско.rnrnrn
3. „Мачки“ (Cats)
rnАко веќе не сте запознати со дејството на оваа адаптација на познатиот мјузикл на Ендру Лојд Вебер, не бидете изненадени ако „трејлерот“ ве остави прилично збунети.rnВо него, може да видите актери кои стојат помеѓу нивната природна состојба и анимираната „мачкаста“ верзија, која потсетува на детски кошмар. Се очекува многу од екипата составена од Тејлор Свифт, Џенифер Хадсон, Идрис Елба, Ијан Макелен, Џуди Денч и многу други.rnrnrn
4. „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ (Star Wars: The Rise of Skywalker)
rnСе работи за филмот кој конечно треба да стави крај на оваа сага (или не?) и да одговори на многу од прашањата поставени во претходните две продолженија.rnНе се сомневаме дека овој филм ќе ги подели и обожавателите, но останува прашањето дали некој друг „ќе ги трие рацете“ на крајот, освен Дизни, кој секако очекува полни сали на крајот од оваа година.rnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn