Дури и најсреќните луѓе понекогаш паѓаат во една негативна емоционална и когнитивна рамнотежа и успешно ја блокираат својата продуктивност и ефикасност. Совладајте ги вештините на смирување на мислите со помош на овие прашања и бидете силни и полни со мотивација и инспирација во текот на целиот ден. Повеќето одговори на прашањата кои си ги поставуваме во нашите мисли ги кријат одговорите во својата содржина. Но, за да го пронајдеме вистинскиот одговор треба да си го поставиме и вистинското прашање.
rn
1. Зошто моментално се чувствувам среќно?
rnПовеќето работи кои ги сакаме се наши попатни цели кои водат до најголемата и главната цел за сите нас – среќата. Кога себеси ќе си го поставите ова прашање, ќе увидите дека постојат многу работи околу кои можете да се чувствувате среќни и задоволни. Погледнете околу себе: Семејството, најблиските, саканите, работата, домот, па дури и некои убави спомени. Доколку не можете да се сетите на нешто што може инстантно да ве расположи, одлучете да бидете среќни без причина.rn
2. Зошто моментално се чувствувам возбудено?
rnВо текот на денот ни е потребна возбуда, страст и поттик за да можеме успешно да продолжиме понатаму. Возбудувањето нѐ мотивира да постигнеме колку што можеме повеќе во 24 часа. Кога себеси ќе си го поставите ова прашање, автоматски ќе знаете што е за вас најважно и кои се вашите приоритети. Тоа не мора да бидат некои големи работи, всушност, дури и најмалите ситници можат да ве освежат и да ви го преобликуваат денот. Бидете ведри.rn
3. На што се гордеам?
rnОва сознание може да ве направи многу моќни. Често се фокусираме исклучиво на нашите недостатоци и маани, а забораваме да станеме и да погледнеме до каде сме дошле и колку убави работи сме направиле. Ова ќе ве зближи и со луѓето кои ви се важни во вашиот живот. Покрај себеси, можете да бидете горди и на партнерот, родителите, пријателите, познаниците итн. Сѐ што треба да направите е да се фокусирате на нивната сила, истрајност и достигнувања.rn
4. За што сум благодарен/благодарна?
rnБлагодарноста има многу позитивно влијание врз оние личности кои знаат како да се водат по неа. Никогаш не можете да чувствувате благодарност и омраза истовремено. Откако ќе си го поставите ова прашање, ќе почнете да ги гледате како дар луѓето и настаните кои се појавуваат околу вас. Размислувајте за овие работи, наместо да се жалите за сите несреќи, страдања и предизвици кои ви застанале на патот кон среќата. Само така ќе научите да опростувате и да се ослободите од сета негатива која ви ги окупира мислите.

