КАФЕ ПАУЗА

Недоволно сон: Ова се последиците доколку спиете помалку од 6 часа

И додека вашите когнитивни способности се бавни, вашите бесни реакции можe брзо да испливаат на површина. Без разлика на тоа кои се причините за вашиот недостаток на сон, ова се последиците од тоа.rnrn1-nedovolen-son-ova-se-posledicite-dokolku-spiete-pomalku-od-6-chasa-www.kafepauza.mk_rn

1. Бавни реакции

rnМислете брзо! Единствениот проблем е што не можете, а научниците откриле дека луѓето кои спијат во просек 6 часа на ден имаат слични когнитивни способности како луѓето кои остануваат будни 48 часа. Со други зборови, тие имаат доста бавни когнитивни способности. Недостатокот на сон не влијае само на вашето краткотрајно помнење, туку и на вашата способност да се фокусирате, што пак и наједноставните активности ги прави доста потешки.rn

2. Лутење и бес

rnИ додека вашите мисли се бавни, вашиот бес брзо излегува на површина. Недостатокот на сон ги прави емоционалните центри на вашиот мозок и до 60% реактивни. Со други зборови, тоа може да ве попречи во одредувањето на сопствените чувства, односно да не реагирате на соодветниот начин, како возрасна личност.rn

3. Прејадување

rnАх, тие мали закуски по полноќ. Кога не одите да спиете на време, хормонот грелин, кој ви кажува кога сте гладни се зголемува, додека се намалува лептинот, хормонот кој сигнализира кога сте сити.rnrn2-nedovolen-son-ova-se-posledicite-dokolku-spiete-pomalku-od-6-chasa-www.kafepauza.mk_rn

4. Трошење пари

rnСе сеќавате кога ја потрошивте пола плата во еден ден? За тоа можете да ја обвините ненаспаноста. Работата на префронталниот кортекс, подрачјето во мозокот кое е одговорно за контролата на импулсите, сериозно се нарушува кога не спиеме доволно. Со други зборови, поздравете ја лошата процена и делувањето без размислување за можните последици.rn

5. Брзо стареење

rnБјути сонот е многу важна работа. Како прво, така ќе го ублажите/спречите создавањето на темни кругови околу очите, појавата на нечистотија на лицето, но и ќе го спречите пребрзото стареење на кожата. Кога не спиеме доволно, нашето тело испушта кортизол, хормон за стрес. Во големи количини, кортизолот го разградува колагенот, протеин кој ја прави нашата кожа мазна и затегната.rn

6. Настинка

rnЕдно истражување откри дека луѓето кои спијат помалку од 6 часа дневно, имаат дури до 4 пати поголема веројатност дека ќе настинат, за разлика од оние кои спијат од 7 до 9 часа.rnrnКога сме кај спиењето и соништата, погледнете ги овие неверојатни факти за соништата кои сигурно не сте ги слушнале.