Не се само грчевите: 5 необични начини на кои менструацијата го менува нашето тело

Сподели

„Оние денови во месецот“ за поголемиот дел од жените се проблематични. Освен грчевите и надуеноста во телото се случуваат низа други промени кои можеби воопшто нема да ги поврзете со менструацијата, но добро е да ги знаете. Еве за кои промени станува збор.

Реклама

1. Промена во бојата на гласот

rnНеодамнешните студии потврдиле дека жените кои не користат хормонална контрацепција за време на менструацијата доживуваат промена во бојата на гласот. Можеби сте забележале дека вашиот глас звучи малку подлабок? Причината се крие во промената на сексуалните хормони до кои доаѓа во тоа време од циклусот.rn

„Некои жени, како на пример, професионалните пејачки, потешко ги достигнуваат високите тонови во одредени денови од циклусот. И тие промени се сосема нормални“, објаснила авторката на студијата Ирена Павела Банаи.

rn

Реклама

2. Болна усна шуплина и вилица

rnХормоналните промени кои се случуваат во телото за време на менструацијата може да предизвикаат воспаление на непцата и чувствителност на забите. А, болката може да се прошири и на вилицата. Иако досега не се направени многу студии на оваа тема, жените кои патат од нарушување на темпоромандибуларниот зглоб (зглоб кој ја поврзува долната вилица со коските на черепот) истакнуваат дека болките во вилицата се појаки за време на менструацијата.rn

3. Нулти степен за толеранција на болка

rnДали некогаш сте се запрашале зошто во одредени денови од месецот не можете да ги поднесете грчевите или сте посебно чувствителни на главоболки и мигрени? Одговорот е – менструалниот циклус. Во „оние денови“ од месецот жените потешко ја толерираат болката, а тоа особено се однесува на оние кои патат од мигрени. Менструацијата ги прави едноставно неподносливи.

rn

Реклама

4. Склоност за незгоди

rnАко за време на менструацијата не сте олицетворение на елегантноста, не се грижите. На жените им се случува да станат склони кон незгоди. Тоа се случува заради заморот, но и задржувањето на течностите во телото кои на крајот влијаат врз мозокот, односно врз центарот за рамнотежа.rn

5. Испрекинат сон

rnКвалитетот на сонот е поприлично нарушен за време на менструацијата. За тоа се виновни грчевите, главоболките, несоницата, мачнините и промените на расположението на кои сме изложени во текот на тие денови. Според некои истражувања, околу 23% од жените имаат проблеми со спиењето една недела пред менструацијата, додека 30% од нив не спијат добро за време на менструацијата.

Доколку сакате да дознаете повеќе работи за вашиот циклус, дознајте ги овие помалку познати факти за менструацијата.

Најново

Може ќе ве интересира