Започнувањето врска е важна работа за секоја жена. Сјајот на лицето, пеперутките во стомакот и забрзаните отчукувања на срцето сè само дел од работите што секоја жена сака да ги добие од својот партнер. Без разлика што секој однос е различен, овие работи се константни. Без разлика дали сте во кратка или во долга врска, овие работи ги заслужувате.rnrn
rn
1. Комплименти
rnЖените ги сакаат комплиментите. Без разлика дали комплиментот е упатен за вашата насмевка, готвењето или пак косата. Жените заслужуваат од својот партнер да ги добиваат комплименти.rn
2. Убаво однесување
rnБез разлика колку долго сте во врска, од партнерот заслужувате да ве третира како што заслужувате. Сите жени ова треба сериозно да го сфатат. Не дозволувајте вашиот партнер да ви вика, да ве тепа или да се однесува лошо со вас на кој било друг начин. Таков маж не е достоен за вас.rn
3. Внимание
rnЈасно е дека нема да го добивате постојано, бидејќи тој ќе биде зафатен и со други работи, но важно е да ви посветува моменти кога целото негово внимание ќе биде свртено само кон вас. Исто така важно е тој да биде секогаш тука за вас кога ви е потребен. Ако не може да го добиете неговото внимание кога ви е најтешко, тогаш која е смислата на таа врска?rn
4. Искреност
rnСекој однос треба да се темели на искреност, а ако ја немате од вашиот партнер, тогаш треба подобро да размислите за вашиот однос.rn
5. Предигра
rnКога станува збор за сексот, жените се малку повеќе комплицирани од мажите. На нив им е потребна предигра, не секогаш, но во повеќето случаи да. Многу жени сметаат дека предиграта е повозбудлива од сексот, па затоа секоја од нив ја заслужува од својот партнер.rnrn
rn
6. Разгалување
rnРазгалувањето е премногу забавно и вие заслужувате тој да ве пази и разгалува. Освен тоа, ова е добро за вашиот однос бидејќи ја зголемува интимноста.rn
7. Без криење
rnБез разлика на природата на вашата врска, ако сте подолг временски период заедно, вашата врска треба да биде официјална. Го заслуживте местото во неговиот живот и не треба да сè срамите од тоа туку гордо да кажувате дека сте само негова.rn
8. Разбирање
rnАко сте во врска подолго време, тогаш добро сè познавате. Упатен е во сите ваши фази, „полудените“ хормони и промените на емоциите во текот на ПМС, па тој треба да има разбирање кон вас.rn
9. Џентлмен
rnОва отсекогаш било важно за жените и така ќе остане. Тој не мора секогаш да ви ја отвора вратата или пак да ви ја мести столицата, но би требало да направи сè за да се почувствувате посебно.rn
10. Поддршка
rnСекоја жена заслужува поддршка од својот партнер без разлика што работи. Мажот кој ве сака ќе биде горд на вашите успеси и ќе ве мотивира да одите нанапред наместо да ве саботира.rnrn
rn
11. Подароци
rnПовремените подароци кои ќе измамат насмевка на лицето сè она што секоја жена го сака и заслужува.rn
12. Повици
rnРазговорот со него е поинтимен отколку праќањето пораки. Ако му е грижа за вас, ќе пронајде време и ќе ви се јави во текот на денот.rn
13. Смеа
rnНа секоја жена ѝ е потребно до неа да има маж кој ќе може да ја насмее во секоја ситуација. Од својот маж заслужувате да ве расположи и насмее тогаш кога сте во лошо расположение.rn
14. Привлекување
rnЗаслужувате да бидете со маж кој го привлекувате повеќе од која било жена досега. Значи, помеѓу вас мора да постои хемија, во спротивно вашиот однос нема некоја посебна смисла.rn
15. Почитување
rnПоследна, но не и помалку важна од останатите работи што една жена ги заслужува од својот партнер е почитта. Без разлика колку вие и вашиот партнер сте различни, мора да постои малку почит која ќе ве поврзува. Тој мора да ве почитува вас и одлуките кои ќе ги донесете.