Сите го сакаме летото поради летните одмори на плажа, овошните коктели и лесната облека. Но, нашиот проблем со ова годишно време настанува кога не можеме да заспиеме поради неподносливо високите температури. Постојано се потиме и никако не можеме да најдеме удобна позиција. Но, не треба да очајувате, бидејќи следниве 5 совети можеби ќе ви го решат проблемот и ќе ви го вратат сонот…rnrn
rn
1. Истуширајте се веднаш пред спиење
rnАко се истуширате веднаш пред да си легнете, ќе се чувствувате чисто и пријатно во своја кожа. Истуширајте се со поладна вода за да ја намалите телесната температура и да го спречите потењето.rn
2. Затворете ги ролетните во текот на денот
rnПознато е дека треба да ги отворите ролетните во спалната соба веднаш штом се разбудите, бидејќи природната сончева светлина му помага на телото да произведе витамин Д и го зголемува нивото на серотонин, што може да ви го подобри расположението. Но, откако ќе завршите со утринските подготовки, затворете ги ролетните. Не му дозволувајте на сонцето да ви го загрее креветот, особено ако прозорците се свртени кон југ или запад. Одржувајте ја собната температура ниска и на тој начин ќе можете да заспиете многу побрзо и полесно.rn
3. Ставете свилена навлака за перница
rnСвилата е природен регулатор на температура, нема да ви ја растури фризурата и може да ја заштити кожата на вашето лице. Набавете си свилена навлака за перница и потонете во светот на слатките соништа.rn
4. Користете чаршафи со помалку ткаенина
rnЧаршафите со повеќе ткаенина се помеки и поквалитетни, но во текот на летото, тие знаат да бидат многу неудобни. Заменете ги меките чаршафи со чаршафи кои имаат помалку ткаенина и нема да имате толкав проблем со високите температури.rn
5. Спијте сами
rnСе надеваме дека вашиот партнер, деца или куче нема да се навредат, но кога има уште еден човек во креветот, тоа значително ја зголемува количината на телесна топлина. Доколку имате можност да спиете сами, направете го тоа. Раширете ги рацете и нозете за да не се допираат едни со други. Ова е најдобрата положба за да го зголемите струењето на воздухот и максимално да го искористите просторот што го имате на располагање.rnrnПогледнете ги и овие положби за спиење што ќе ви ги олеснат најчестите 10 здравствени проблеми.