Романот „50 нијанси сиво“ ја освои женската читателска публика низ целиот свет и покрај негативните оценки од литературните критичари. Јасно е дека нејзината литературна вредност не била она што ги привлекло читателките, туку содржината исполнета со садо-мазо секс и истражувањето на сексуалноста. Но, што всушност мислат експертите за филмот, за книгата и за целата фама околу нив?rnrn
rn
Естер Перел, експерт за врски и автор на книги од оваа област
rn
„’50 нијанси сиво’ открива како женската сексуалност функционира под површината. Книгата им помогна на многу жени да се поврзат со своето еротско ‘јас’, но што е уште поважно, им овозможи да ја прифатат замрсеноста на нивните еротски потреби и парадоксалноста на нивните фантазии затоа што приказната им даде дозвола на нив да гледаат како на нормални нешта.rnrnНие обично мислиме дека жените имаат помал интерес за секс, но што ако тие всушност имаат помал интерес за сексот таков каков што го имаат (со своите партнери)? Што ако на жените им треба повеќе за да се запалат, отколку што им е потребно на мажите?rnrnСе прашуваме и како може во време во кое жените се борат за рамноправност тие да фантазираат за насилно заведување?rnrnЕве што фантазиите откриваат за женската сексуалност: жената никогаш не е повредена во нејзината фантазија за насилно заведување, туку болката е само во незиниот интерес за задоволство. И што е уште поважно, кога во ваквото сексуално сценарио мажот е оној кој ги носи сите одлуки и решава и ѝ кажува што да прави, тој всушност ја ослободува неа од најголемата еротска блокада која ја имаат жените – товарот на грижата за него.rnrnСо други зборови, нејзината потчинетост на мажот во оваа фантазија ја ослободува неа од потребата да мисли на чии било потреби освен нејзините. Навистина, тајната на женската сексуалност е исклучително нарцисоидна.“
rn
rn
Рита Вотсон, советник за врски и блогер
rn
„И покрај популарноста на романтичните филмови и романи, како и нежните гестови, годинава љубовните подароци како розите ќе бидат потиснати од провокативното и привлечното. Лисиците од ’50 нијанси сиво’ разработија цела индустрија и го изненадија светот.rnrnНо, експертите не се изненадени.rnrnОд научните податоци кои се на располагање може да се види дека сексуалните апетити на жените се манифестираат исто како оние на мажите и тоа отсекогаш било така. Иако жените долго време не се интересираа за порнографијата, ‘50 нијанси сиво’ ја донесе оваа тема во клубовите на читатели, во ток-шоуата и на големиот екран. Мекото порно е лесен начин да се предизвика женската имагинација и нивната желба за егзотичен сексуален живот.rnrnДали некој кој има мали деца се прашува зошто оваа книга се нарекува ‘порно за мајки’? Тоа е скокотливо искуство за мајките кои се преморени за допир кој води до секс и е живописен визуелен портрет на жените со садо-мазо фантазии.“
rn
rn
Сузан Њуман, психолог, автор на книги од областа на психологијата и блогер
rn
„Веднаш се загрижив штом ја видов на телевизија рекламата за ‘50 нијанси сиво’. Како родител загрижена сум што децата се изложени на слики и пораки за кои се премлади да ги разберат и се толку експлицитни.rnrnТелевизиската реклама за претстојниот филм намерно е направена да биде провокативна, но со оглед на тоа што децата и тинејџерите можат и сигурно ќе ја видат, тоа ми изгледа како погрешен чекор и неодговорност од страна на филмските продуценти.rnrnДецата прелесно се импресионираат. Знаеме за негативниот ефект врз децата од насилничките видео игри. Кога има трагедии како онаа во Њутаун, Конектикат (масовно пукање и убиства во основно училиште), тогаш родителите се советувани да им го ограничат пристапот до таквите информации на децата.rnrnСе накривуваат идеите за здрав секс и сексуални врски. Загрижена сум дека овие слики ќе се врежат во младите умови поради убавите реклами и ќе станат нивна идеја за тоа што се очекува во сексот од нив. Да, оние 30 или 60 секунди можат да го постигнат тоа.rnrnФановите и љубопитните ќе одат во кината да го гледаат ‘50 нијанси сиво’ само затоа што тоа е ‘50 нијанси сиво’. Посуптилен опис во рекламите би ги заштитило децата и пак би го имал истиот успех во бокс офисот.“
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.