Иако секој родител има желба детето да му биде совршено, мирно и послушно во секој момент, психолозите нагласуваат дека тоа не влијае добро на развојот на детето. Тие тврдат дека немирноста всушност може да допринесе до нивното целокупно задоволство во понатамошниот живот. Со други зборови, ако имате чувство дека вашето дете ви бега од контрола, вдишете длабоко и потсетете се дека ова може да влијае позитивно на нивниот развој, како и на успехот во иднината. Еве зошто бунтовните деца поминуваат подобро во животот…
rn
Независни се и не се плашат да го кажат тоа што го сакаат
rnСекое дете си има своја единствена личност и начин на интеракција со околината. Доколку родителите постојано се обидуваат да му наметнат на детето одреден модел на однесување, тоа може да има проблеми со самоизразувањето подоцна. Неможноста да сфатат што точно сакаат сами ќе ги следи во текот на целото нивното растење.rn
Ќе стекнат богато знаење
rnДецата ги користат своите сетила за да комуницираат со светот. Оние што не мируваат ја покажуваат својата љубопитност што никако не смее да биде спречена. Кога родителите го присилуваат детето да биде мирно и да не покажува никаква иницијатива, тоа ја губи желбата за истражување и знаење. Токму затоа и немирните деца секогаш израснуваат во успешни луѓе.rn
Децата го пратат вродениот модел на однесување
rnПоголемиот дел од децата се активни и малку немирни, но тоа е дел од нивната природа. Во раните години не постои страв од искажување на емоциите, па децата се трудат да го искористат максимумот од секое искуство. Со други зборови, ако тоа е гласно, тоа значи дека е среќно и дека се чувствува самоуверено во својата кожа.rn
Лесно ги покажуваат и разбираат емоциите
rnНемирните деца стануваат многу емотивно стабилни луѓе кои ги препознаваат и почитуваат туѓите емоции. Исто така немаат никакво проблем ни како возрасни да го искажат тоа што го чувствуваат.rn
Не ги интересира туѓото мислење
rnНемирните деца не бараат ничие одобрување кога ќе пораснат. Тие знаат што е добро за нив и без страв го следат својот пат. Доколку не успеат пак, тоа нема да ги обесхрабри. Тие знаат дека не постои ситуација која едноставно не може да се поправи. И разбираат дека нивното мислење е единственото што е најважно.rn
Имаат подобри вештини за решавање проблеми
rnДецата што се држени под контрола од своите родители растат во луѓе што се плашат од авторитетите и потешко се вклопуваат во поголемиот колектив, додека немирните деца никогаш немаат проблем со ова. Кога ќе пораснат, тие се поспонтани и со леснотија ги решаваат сите проблеми што им се случуваат. Да не збориме и за фактот дека се поотпорни на стрес.rn
Стануваат креативни луѓе кои се свесни за своите квалитети
rnНемирните деца имаат неограничена фантазија и сакаат да ја пробаат секоја идеја што ќе им падне напамет. Како возрасни, тие покажуваат и креативен пристап во сите сфери од животот. Од друга страна пак, знаат дека заслужуваат да бидат сакани безусловно и дека нема потреба да се однесуваат на одреден начин за да стекнат љубов.
Повеќе од играчка: Кадифените мечиња ги смируваат децата кога мајка им не е во близина!


