КАФЕ ПАУЗА

Не ги потиснувајте проблемите во себе, справете се со нив на овие неколку едноставни начини

Written by

in

,

Понекогаш, за време на тешките денови, имаме чувство дека ако ги скриеме сите потешкотии длабоко во нас, тие магично ќе исчезнат. Но, со тоа си правиме само лошо. Погледнете ги следниве неколку начини на кои можете лесно да се справите со црните денови доколку ви изгледа како едноставно да нема излез од ситуацијата во која моментално се наоѓате.rnrnНе ги потиснувајте проблемите во себе, справете се со нив на овие неколку едноставни начиниrn

Имајте покрај себе личност на која можете да се потпрете

rnЛичноста на која можете да се потпрете во најтешките моменти во животот има непроценлива вредност. Станува збор за онаа блиска личност која навистина се грижи за вас, која е секогаш во близина и која ве сака и почитува со целото свое срце.rn

Имајте место на кое што можете да отидете

rnКога доаѓаат тешките денови во вашето секојдневие, многу е важно да имате некое место каде што ќе можете да отидете и да се скриете од ова животно невреме. Тоа место треба да биде далеку од онаму каде што живеете и работите и доволно тивко за да можете да се опуштите.rn

Имајте нешто што ќе ви го одвлече вниманието

rnКога ве притискаат животните неволји, изберете некоја активност која ве смирува и посветете ѝ се. Немојте да бегате во пасивноста, бидејќи таа само дополнително ќе ве влече надолу. Пронајдете хоби кои ќе го сакате и во кое ќе можете да уживате со цел лесно да се ослободите од тежините.rn

Имајте соништа кои можете да ги остварите

rnКога ќе надојдат тешки моменти, немојте да мислите дека тие засекогаш ќе траат. Најдете една светла точка во иднината и живејте за нејзиното остварување. Нека таа ве инспирира и ви дава сила да ги издржите моменталните проблеми. Запомните, после дождот, секогаш доаѓа сонцето.rn

Имајте одговори кои ќе ве смират

rnОвие одговори можете да ги најдете во инспиративни приказни, цитати или сведоштва на луѓе кои поминале низ она што вам моментално ви се случува. Читајте, гледајте, слушајте и проучувајте ги животите на луѓето кои не дозволиле нивните проблеми да ги скршат.