КАФЕ ПАУЗА

Како секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?

Заборавете на комплицираните фризури кои не само што бараат време за да ги направите, туку бараат од вас и да вложите многу труд за да добиете добри резултати. Од денес, новата мантра на секоја жена треба да биде „колку поопуштено и побушаво, толку подобро“. Погледнете ги следниве 4 фризури кои се лесни за правење и кои гарантираат совршен финален изглед за секоја пригода.rnrnКако секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?rn

1. Во стилот на 80-тите

rnКако секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?rnrnФризурите со степени кои се малку тапирани се идеални за девојките со слободен дух. Тие не бараат многу напор за да се направат, а изгледаат одлично и одговараат со секоја должина на коса. Доволно е на влажна коса да ставите малку пена, да ја исушите и со чешел кој има широки запци да ја тапирате.rn

2. Неуредна плетенка

rnКако секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?rnrnЗа правењето на оваа фризура нема да ви биде потребно огледало. На делумно сува коса нанесете спреј за текстура и избришете ја со пешкир. Потоа ниско соберете ја и направете лабава плетенка. За крај, зацврстете ја со ластиче, но пуштете и неколку прамени околу лицето.rn

3. Тапирана пунџа

rnКако секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?rnrnОваа фризура ќе изгледа добро ако косата ви е погуста, бидејќи за неа е потребен поголем волумен за да се постигне вистинскиот ефект. На коренот на косата напрскајте шампон за суво миење, па префрлете ја надолу и исушете ја со фен. Кога ќе ја исушите косата, префрлете ја наназад и направете високо опавче кое ќе го зацврстете со ластиче. Потоа, опавчето свртете го околу основата и заврзете го во јазол. Фиксирајте ја пунџата со шнолички.rn

4. Ниско опавче

rnКако секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?rnrnДоколку имате долга коса без шишки, оваа фризура е како створена за вас. На мокра коса нанесете пена и исушете ја со фен. Исчешлајте го и исфенирајте го предниот дел од косата и фиксирајте со лак за коса. Потоа, лабаво соберете ја над вратот и заврзете ја во ниско опавче.