КАФЕ ПАУЗА

Не ги игнорирајте: 9 промени на градите кои укажуваат на сериозен здравствен проблем

Редовната посета на гинеколог за рутинските прегледи на градите и репродуктивните органи е многу важна. Но, понекогаш е сосема во ред и самите да се прегледате, па ако забележите некоја од следниве промени, многу е важно што побрзо да се јавите кај вашиот доктор.rnrnНе ги игнорирајте: 9 промени на градите кои укажуваат на сериозен здравствен проблемrn

1. Едната дојка е поголема од другата

rnОваа состојба може да означува природна асиметрија на дојките, која е вообичаена кај поголемиот дел од жените и која најчесто доаѓа до израз за време на ПМС-от. Но, тоа исто така може да укажува и на одредени здравствени проблеми. Кога дојката почнува значајно да го менува својот облик, тоа може да биде знак за абнормални промени во нејзините ткива.rn

2. Иритација на кожата под дојките

rnМоже да станува збор за алергиска реакција на одреден материјал или пак, на металот кој се наоѓа во одредени модели градници кои содржат никел. Станува збор за чест симптом кој се појавува кај жените со поголеми гради. Воспалението настанува кога кожата од дојката се трие со кожата под неа, додека истовремено е изложено на потење.rn

3. Грутки на ареолата

rnСтанува збор за сосема природни промени на брадавиците. Улогата на градите е производство на млеко, а ситните грутки означуваат завршеток на жлездата. Тие за време на менструалниот циклус можат да се зголемат и да станат многу поизразени. Но, ако забележите дека една од вашите дојки, или пак двете, имаат необично изразени грутки, тоа може да биде знак за цисти. Тие не се бенигни, ниту опасни, но сепак треба да се контролираат. Од друга страна, во најлошото сценарио, грутките на ареолата можат да укажуваат и на тумор. Какви било промени во дојките, особено оние кои можат да се видат со голо око или да се допрат, мора веднаш да се пријават на гинеколог.rn

4. Појава на влакненца на дојката

rnНајчесто станува збор за реакција на одредени препарати или лекови кои содржат тестостерон, машкиот хормон, но може да биде знак и за синдромот полицистични јајници. Останатите симптоми кои укажуваат на цисти во јајниците се појава на акни и нередовен месечен циклус.rn

5. Чешање на брадавиците

rnМоже да станува збор за алергиска реакција на средството за туширање, ткаенината или бојата за ткаенина. Многу е важно да го перете вашиот нов градник или облеката пред првото носење, а знајте дека чешањето може да означува и скоро доаѓање на менструацијата, кое понекогаш укажува и на хормонални промени во организмот. Во најлош случај, може да станува збор за еден вид редок карцином, кој доаѓа со други симптоми како многу сува кожа на брадавиците и жолтеникав или црвеникав исцедок.rn

6. Бел исцедок од брадавиците

rnДојките служат за производство на млеко, а исцедокот кој наликува на него е сосема нормална појава и не е нужно знак за одредени болести, но може да биде предизвикан од физички стимуланс поради зголеменото ниво пролактин, неповрзано со бременоста и мајчинството. Може да биде и реакција на одредени медикаменти, кои го зголемуваат нивото на овој хормон.rn

7. Црвен исцедок од брадавиците

rnМоже да укажува на бениген тумор кој настанува во млечните канали на дојката. Во секој случај, добро е да побарате совет од доктор.rn

8. Трнливо, јазлесто ткиво во дојките

rnЧесто укажува на проширување на млечните канали, познато како мастопатија. Станува збор за честа промена во дојките која настанува поради хормонални промени пред менструацијата и за време на стресот. Но, таа исто така може да биде знак и за циста (фиброцистична мастопатија) или еден вид тумор познат како фибром. Ако промените стануваат поизразени, веднаш посетете го вашиот гинеколог.rn

9. Јазли на дојките

rnНајчесто станува збор за циста. Ако јазолот е во форма на топче и „бега“ под притисок, најчесто е бенигна циста која може одеднаш да се појави и следниот циклус самата да исчезне. Симптомите на циста во дојките се болка и чувство на прободување и тие можат да се допрат ако се во близина на кожата и поголеми од 1 сантиметар. Најчесто стануваат поизразени пред појавата на месечниот циклус. Но, имајте на ум дека овој симптом може да биде и рак на дојка. Ако почувствувате маса во дојката која не се менува, веднаш побарајте совет од доктор.