Кујнските сунѓери се полни со опасни бактерии, а нивното чистење со средство за миење садови и топла вода не е доволно за овие штетници да се уништат, туку тие и понатаму остануваат да се размножуваат.rnrn
rnrnДоколку верувате дека после миењето садови вашиот сунѓер останал чист, тогаш сте во голема заблуда. Филип Тиерно, микробиолог и патолог од Њујорк, предупредува дека сунѓерите за садови всушност се многу нечисти и опасни по здравјето, затоа што во себе содржат ситни остатоци од храна којашто се наоѓала на садовите. Тоа води кон размножување на бактериите во сунѓерот, што е совршено место за нив – таму имаат доволно храна, топло е и влажно, токму онака како што тие сакаат.rnrnЗатоа кујнските сунѓери се полни со бактерии како што се салмонела, ешерихија, листерија и други бактерии коишто може да предизвикаат цревни и кожни инфекции, кои може да бидат и посериозни. Тиерно вели дека не е доволно сунѓерите да се мијат само со топла вода и со средство за миење садови. Но, постои начин којшто ви гарантира дека ќе се ослободите од бактериите коишто живеат на вашиот сунѓер.rn
Трик за дезинфекција
rnЗа ова ви треба избелувач и вода, во размер 1:9. Потопете го сунѓерот во овој раствор и извадете го после 10 до 30 секунди (не заборавајте да ставите ракавици), па потоа исперете го со млаз вода. Дезинфицирајте го сунѓерот на овој начин, посебно ако сте чистеле површини на коишто сте готвеле месо.