Дали некогаш сте ја чуле изреката дека не сите луѓе се добри за брак и сте помислиле дека тоа не е вистина, бидејќи порано или подоцна, сите го наоѓаат својот идеален пар? Имено, едно истражување објавено во списанието „Social Science Research“ покажало дека веројатноста да стапите во брак зависи исклучиво од 3 фактори: физичка привлечност, карактерна привлечност и грижа за врската.rnrn
rnrnРезултатот добиен од истражувањето што се темели на овие 3 карактеристики покажува дали ќе ви биде поставено прашањето на кое одговорот е „да“. Студијата била спроведена на неверојатни 9.000 испитаници, а научниците ги оценувале со оценки од 1 до 5. Колку повисока била оценката на тестирањето, толку поголеми биле шансите таа личност да стапи во брак.rnrnИако сите 3 карактеристики се клучни за развивање ваков однос, сепак истражувањето покажало дека тие можат меѓусебно да се надополнуваат. На пример, физичкиот изглед може да се замени со висок степен на интелигенција и духовитост.rnrnИстражувањата се одлични начини да се турнеме себеси во вистинската насока, но на крајот од краиштата, важно е тоа што вие го мислите. Па, ако сметате дека сакате да бидете во брак, не дозволувајте никому да ве спречи да го направите тоа. Од друга страна пак, ако не сакате да бидете во брачна врска, тогаш едноставно не правете го тоа. Секогаш одбирајте го она што вам најмногу ви се допаѓа и живејте го животот на ваш начин.rnrnПогледнете ги и овие 3 прашања кои треба да му ги поставувате на партнерот секој ден за да имате среќен брак.
Не е бракот за секого: 3 фактори кои влијаат дали ќе се омажите/ожените или не
