Луѓето во долгогодишни врски и бракови секојдневно комуницираат, но според тоа какви прашања меѓусебно си поставуваат се одредува и квалитетот на нивниот однос.rnrn
rnrnДали ви е познат овој разговор:rnrnКако беше на работа?rn– ДоброrnКако беше кај тебе?rn– Исто.rnШто ќе јадеме денес?rn– Не знам.rnМожеш да земеш леб на враќање?rn– ОК.rnrnИако разменуваме многу информации секој ден, тоа не е доволно за да градиме и одржуваме среќна врска. Среќните луѓе се чувствуваат сакано и поддржано од својот партнер. Затоа, тие секој ден си ги поставуваат овие прашања:rn
1. Како се чувствуваш?
rnОва прашање е добар поттикнувач на длабока дискусија. Ви дозволува да разговарате за пропуштените прилики на работа, за својот шеф, некои фрустрации со колегите и слично. Исто така, со ова прашање му покажувате на партнерот дека сте заинтересирани за неговиот живот и дека сакате меѓусебно да ги споделувате добрите, но и лошите работи што ви се случуваат во текот на секој ден.rn
2. Како можам да ти помогнам?
rnНекогаш на партнерот му треба само некој да го сослуша за неговите проблеми. Друг пат ќе ви побара мислење, совет или утеха. Со ова прашање му давате до знаење дека сте спремни да го поддржите, но и му давате прилика да го побара од вас она што му е потребно во моментот.rn
3. Кога сакаш да поразговараме?
rnРабота, семејство, дом… Животот е преполн со секојдневни ситници што нѐ спречуваат во целост да се посветиме на својот партнер. Но, кога ќе му го поставите ова прашање, му давате до знаење дека имате желба да одвоите време за него. Со ова прашање истовремено му кажувате дека ви се важни неговите размислувања и чувства и дека би сакале да се посветите на нив.rnrnДоколку чувствувате дека ви згаснале темите за муабет, еве дополнителна инцпирација од прашања кои секојдневно можете да му ги поставувате на вашиот партнер.