Постои погрешно сфаќање дека стресот настанува само под влијание на големи настани како сериозна болест, развод, смрт на блиска личност, банкрот… И покрај тоа што овие настани навистина знаат да бидат многу стресни, новите истражувања покажуваат дека секојдневните мали грижи можат да имаат многу посилен негативен удар на здравјето.rnrn
rnrnГолемите настани честопати се ретки и со релативно кратко траење. И бидејќи однапред се препознаваат како извор на стрес, личноста која се соочува со нив прави сè што е во нејзина моќ за да се избори и да продолжи понатаму. За разлика од нив, малите грижи постојано се собираат во вас и со тек на време можат да предизвикаат одредена стресна болест.rnrnНеколку од овие секојдневни грижи се:rn
- rn011
- Губењето на одредени работи, како клучевите
- Големи промени во текот на денот
- Проблеми со тежината
- Премногу работни обврски, а премалку време за нивно завршување
- Домашни обврски
- Недоволен сон
- Проблеми со соседите
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnШто би можеле да преземете за да се справите со овие извори на стрес?rnrnПозитивно размислување – Наместо да се грижите без прекин, започнете со позитивно размислување („Јас можам да го направам ова,“ „Ќе продолжам чекор, по чекор…“). Когнитивното преиспитување и претворањето на проблемите во предизвици, може многу да ви помогне при намалувањето на стресот.rnrnНаучете да се опуштите – Стресот предизвикува возбудување на телото наречено синдром на „борење или бегање“. Релаксирањето не е компатибилно со возбудувањето и поради тоа може многу да ви помогне доколку направите мала пауза во моментите кога ќе се чувствувате преовладано од дневните грижи.rnrnНаградете се себеси – Откако ќе се соочите со неколку извори на стрес, наградете се себеси со активност која ви причинува задоволство како спортување, танцување или пак, одење во кино.rnrnСправувањето со стресот, без разлика дали е голем животен настан или насобрани дневни грижи може да се реши само со директно соочување. Не дозволувајте постојано да се грижите. Претворете го проблемот во предизвик и најдете начин како најлесно да го надминете.
