КАФЕ ПАУЗА

Навидум страшни проблеми во врските за кои навистина не треба да се грижите

Навидум страшни проблеми во врските за кои навистина не треба да се грижите

На почеток на врската секој од нас сака да изгледа помалку или повеќе совршено во очите на својот партнер. Вратата од купатило обавезно се затвора, никој не подждригнува при јадење, и двете страни секогаш имаат совршена фризура и беспрекорен изглед и никогаш немаат потреба подолго време да се задржат во тоалет. Но, со тек на време откриваме сè повеќе од нашите несовршености, бидејќи секој ги има. Како што сè повеќе се вљубуваме во нашата друга половина, сфаќаме дека сме среќни иако сме несовршени, и се прифаќаме токму како такви.rnrnНавидум страшни проблеми во врските за кои навистина не треба да се грижитеrnrnОвие нешта навидум се големи проблеми, но во суштина се навистина безопасни.rn

Лошиот здив наутро

rnБудењето до личноста која ја сакате е нешто прекрасно и сосем оправдано е што сакате да го/ја опсипете со бакнежи иако сè уште не сте се измиле заби.rnrnНавидум страшни проблеми во врските за кои навистина не треба да се грижитеrn

Недепилирани нозе

rnАко сте пропуштиле да ги избричите своите нозе еден ден не значи дека е крај на светот. Вашиот партнер ве сака и покрај тоа, всушност најверојатно воопшто и нема да го забележи она што за вас преставува толку голем проблем.rn

Лоша фризура

rnИма денови кога што и да правите косата не ви застанува на место. Тоа не е причина да го откажете вашиот состанок и да не се видите со својот партнер бидејќи логично, ако планирате да го минете животот заедно, и двајцата ќе се видите во лошо издание. Тоа не значи дека ќе престанете да се сакате.rn

Денови кога нема да имате време да се средите

rnЌе има денови кога нема да изгледате ни приближно гламурозно. Може да ви се случи да останете цел ден по тренерки, без грам шминка и разбушавена коса. Некогаш, едноставно, нема да имате многу време да си посветите себеси, и тоа е сосема во ред.rnrnНавидум страшни проблеми во врските за кои навистина не треба да се грижитеrn

Зголемување на килограмите

rnЗа ова најмногу се грижат девојките, но и момците не се исклучок. Нашите тела се менуваат, и општо во животот ќе ни се случат работи поради кои телата ќе ни се променат. Не дека треба целосно да се опуштите штом го најдете вашиот животен партнер или партнерка, но некое кило плус или минус не ја разнишува љубовта меѓу вас. Вие се сакате поради она што сте.rn

Лоши денови со настинка и вируси

rnНа почеток на врската може само да помислите како ќе изгледате кога ќе „закачите“ некој вирус и самата помисла дека вашиот/ата партнер/ка ќе треба да ве види во такво издание за вас е хорор сцена. Неизбежно е да пребродите заедно висока температура, повраќање и стомачен вирус, но после тоа и двајцата ќе имате повеќе љубов еден за друг.rn

Тоа што изгледате смешно кога плачете

rnТешко е да не изгледате по малку смешно кога плачете. Особено доколку сте мачо мен кој случајно пуштил солза. Верувајте, вашиот/ата партнер/ка, ќе се труди да ве развесели а нема да мисли на вашите расплакани гримаси.rnrnНавидум страшни проблеми во врските за кои навистина не треба да се грижитеrn

Лошите навики во спиењето

rnТука спаѓа рчењето, клоцањето во кревет, будењето среде ноќ, зборувањето во сон. Неизбежно ќе ви поминат низ глава вашите потенцијални лоши навики во спиењето пред да ја минете првата ноќ заедно. После тоа веќе се навикнувате и наоѓате начин што е можно побезболно да ги спречите, онолку колку што можете.rnrnЗаклучок, не грижете се за сите ваши несовршености кои ќе ги донесете во врската. И другата страна има што да донесе. Така се градат врските.