11. Одвојувајте време да слушате
rnАко сакате да бидете чуени, мора да слушате. Не заборавајте дека секогаш може да научите нешто или да извлечете поука од другите.rn
12. Прифатете го она што не можете да го промените
rnСекако дека секогаш треба да се трудиме да ги подобриме нештата и да го дадеме најдоброто од себе. Но некогаш едноставно не можеме да бидеме сè што ќе поскаме и постојат работи на кои не можеме да влијаеме. Можеби никогаш нема да станеш топ модел или претседател, но неверојатно е колку други можности животот ти дава.rn
13. Читајте книги и мудри мисли
rnНема ништо подобро од интересна книга и мотивациски цитати. Кога парче мудрост ти е на дофат, секако дека треба да посегнеш по него.rn
14. Патувајте
rnБез разлика на дестинацијата, секогаш кога имате прилика избегајте од постојаното место на живеење. Некогаш средствата нема да ви дозволат подалечно патување, но не е важна дестинацијата. Она што е важно е друштвото и ослободувањето од постојаните грижи и притисоци. По завршувањето на некој важен проект, наградете се со слободен викенд на некое мирно и релаксирачко место.
rn
15. Запрете го дотекот на негативни мисли
rnНајдете начин како да излезете на крај секогаш кога ви се закануваат негативните мисли. Решението може да биде кафе со пријателките, шопинг, добра книга или филм, разговор со љубениот/ата и сл.rn
16. Облекувајте се убаво и удобно
rnСекако дека фокусирањето на изгледот звучи како плиткост, но кога внимавате на личната хигиена и удобноста на вашата облека, секако дека ќе се чувствувате посреќни и позадоволни со себеси.rn
17. Научете дека и тагата е дел од животот
rnЛуѓе сме и чувствуваме најразлични емоции, меѓу кои е и тагата и тоа е сосем нормално. Среќните луѓе, колку и да звучи парадоксално, умеат да уживаат во тагата. Некогаш нешто ќе ви тргне надолу, ќе имате лош ден, нема да посакате да станете од кревет, но на крајот на краиштата секому му се случува.rn
18. Хранете се добро и здраво
rnХранете се редовно и обрнете внимание на исхраната, не само поради тежината, туку поради здравјето и личната благосостојба.rn
19. Бидете во постојан контакт со семејството и пријателите
rnОсамениот човек не е среќен. Нашите блиски ни го разубавуваат животот. Телефонски повик или средба во живо, не е важно, бидете во контакт и грижете се за блиските.rn
20. Научете да бидете сами
rnНекогаш имаме потреба да бидеме сами со себеси и со своите мисли. Има разлика од осаменост и самотија. Уживајте во сопственото друштво и сакајте се себеси.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


