Дали знаете што се колачињата на судбината? Тоа се колачиња во кои се наоѓа порака која ви ја „предвидува иднината“. Овој обичај најчесто се практикува во азиската кујна и се послужуваат на крајот на оброкот. Доколку сакате да направите нешто специјално со што ќе обележите некоја забава или вечера со пријателите, наша препорака се колачињата на судбината. Она што е најинтересно кај овие колачиња, не е нивниот посебен вкус, туку забавните пораки кои мижете да ги смислите сами и да ги развеселите вашите пријатели.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 3 белки
- 100 грама шеќер
- 60 грама растопен путер
- 1/4 лажичка екстракт од ванила
- 1/4 лажичка екстракт од бадем
- 3 лажици вода
- 120 грама брашно
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnЗагрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови, а на големиот плех за печење ставете мрсна хартија или силиконска подлога за печење и спремете ленти од хартија за забавните пораки.rnrnВо сад за мешање додајте ги белките и шеќерот, и со миксер матете 2 минути. Потоа додајте го растопениот путер, екстрактите и водата, па мешајте сè додека не се соедини смесата. На крајот додајте го и брашното и мешајте додека тоа не исчезне во смесата.rnrnСо помош на лажица, добиената смеса ставете ја на мрсната хартија, на тој начин што ќе обликувате мали кругови со големина од 7,5 сантиметри, како да правете мали палачинки. Печете по 3 мали кругови одеднаш, бидејќи потоа треба многу брзо да ги обликувате.rnrnПечете 7-8 минути, сè додека краевите малку не потемнат. Потоа, брзо извадете ги колачињата од рерната, преклопете ги на пола, ставете ја пораката, и на крај, краевите од полукругот превиткајте ги еден кон друг без да се допираат на начин што ќе го поставите колачето преку работ на шолјата.rnrnТака обликуваните колачиња, ставете ги во калап за мини мафини за да не го изгубат својот облик за време на нивното ладење.rnrnПогледнете го и видеото за повеќе детали:rnrnhttps://youtu.be/vPWy3u6beFYrnrnПогледнете го и овој рецепт за највкусниот колач со кафе што не се пече.