Контроверзниот американски доктор и сопственик на компанијата Амброзија, Џеси Кармазин, го привлече вниманието на светот со започнување на необичен тренд меѓу своите богати клиенти. Имено, тој почнал да купува плазма од крв на млади луѓе, меѓу 16 и 25 години, за своите клиенти што веруваат дека младата крв им го забавува стареењето и им го подобрува изгледот.rnrn
rnrnОвој доктор го претставил овој тренд како истражување, за кое бара доброволци постари од 35 години кои би платиле 8.000 долари (околу 425.000 денари) за да им стави млада крв и да следи што ќе се случува. Од основувањето на својата компанија во 2016 година, тој имал околу 200 учесници во истражувањето.rnrnИ изгледа дека клиентите биле задоволни, затоа што и самите почнале да тврдат младата крв прави да изгледаат подобро.rnrnПоради тоа, контроверзниот доктор решил да отвори клиника за подмладување во Њујорк. Оние што се помлади од 25 години можат редовно да му ја продаваат својата плазма, додека пак тој, со трансфузија, ќе ја префрла на постарите што можат да си го дозволат тоа за да ја вратат својата виталност.rnrnНеговата идеја се базира на истражувања спроведени на глувци. Научниците на постарите единки им ставале крв од помладите и забележале дека брзо потоа тие покажувале знаци на подобро здравје и евентуално забавување на стареењето, но не биле 100% сигурни дали тоа било поради свежата крв.rn
„Сега имаме податоци што сугерираат дека постојат вистински промени во физиологијата по третманите, а целта е да се направи овој третман достапен за сите“, изјавил д-р Кармазин, кој потоа додал дека и самиот ги пробал овие методи за подмладување.
rnСе очекува клиниката во Њујорк да бидете отворена до крајот на оваа година или најдоцна, до почетокот на следната. Засега има околу 150 заинтересирани клиенти од кои веќе дел учествувале во истражувањата и веќе минале низ процесот.rnrnПогледнете го и следново видео во коешто тој го објаснува овој метод на подмладување.rnrnrnrnА сега, да се вратиме малку во реалноста. Сте ја пробале оваа домашна маска за подмладување на кожата чии резултати се видливи веднаш?