Верувале или не, за време на пролетта најголем број луѓе имаат проблем со темните кругови под очите. Со цел полесно да се справувате со нив, почнете да пиете повеќе вода и обидувајте се да спиете на грб. Исто така, постои и еден одличен рецепт кој можете многу лесно да го направите во вашиот дом. Сè што ви е потребно е 1/2 лимон и 1/6 патлиџан.rnrn
rnrnВо еден сад измешајте ги сокот од патлиџан и сокот од лимон. Не грижете се за семките бидејќи оваа смеса ќе ја нанесувате со помош на стапче. Пред нанесувањето не заборавајте добро да го исчистите вашето лице, а потоа нежно, во едно движење, нанесете ја смесата врз вашите темни кругови под очите. Оставете ја да делува 15 минути и потоа измијте ја со вода и нанесете хидратантна крема.rnrnЛимонот содржи антиоксиданси и витамин Ц, па токму затоа ќе осветли вашата кожа, додека пак патлиџанот е преполн со антиоксиданси и витамините Б1, Б2, Б3, Б6 и А.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn