КАФЕ ПАУЗА

10 совети за поевтино патување низ светот

Written by

in

,

Сигурно сте ја слушнале изреката дека патувањето е единственото нешто што нè прави побогати. Но, летовите, хотелите и другите трошоци обично се високи, па поради тоа многу од нас ретко патуваат. Погледнете некои совети кои ќе ви помогнат да ги намалите трошоците при патувањата.rnrn10-soveti-za-poevtino-patuvanje-niz-svetot-kafepauza.mkrn

1. Користете комбиниран превоз

rnОва значи да комбинирате разни авиокомпании и превозни средства за да стигнете до посакуваната дестинација. На пример, летот до Рим, а потоа воз до Венеција можеби ќе чини помалку отколку директен лет до Венеција. Или пак локален лет до Пукет од Бангкок ќе чини помалку отколку директен лет до Пукет.rn

2. „Скриен“ град

rnДиректниот лет од местото А до местото Б многу пати е поскап отколку лет од местото А до местото В, со застанување на Б. Ова значи дека можете да купите билет за локација на која треба да смените авион, и едноставно да не отидете на вториот авион. Можете да си правите сопствени патувања со алатки како Skiplagged или Flyshortcut.rn

3. Немојте да изнајмувате автомобили

rnАвтомобилот е во ред доколку сакате да патувате помеѓу градови, но за во градот тој ќе ви биде само товар. За да заштедите време и пари користете го јавниот превоз, или уште подобро, изнајмете велосипед.rn

4. Пронајдете специјални понуди

rnМногу агенции за транспорт нудат добри цени за туристите. На пример, двајца можат да го користат целиот јавен превоз во Баварија цел ден за 31 евро. Билетот од Минхен до замокот Нојшвајнштајн чини 30 евра, а е само за една употреба.rn

5. Патувајте со малку багаж

rnПатувањето без багаж е одличен начин да заштедите пари, бидејќи повеќето авиокомпании имаат пониски цени за луѓето без багаж. На пример, летот од Билунд во Данска до Берлин ќе ве чини 1 евро без багаж, додека со багаж цената е 15 пати повисока.rn

6. Сместувајте се во апартмани

rnАпартманите имаат една голема предност – кујна во која можете да готвите. На овој начин ќе заштедите многу пари наместо да трошите јадејќи во ресторани. Најпознатите сајтови за оваа намена се: Airbnb, HomeAway, 9FLats и Thehomelike.rn

7. Бесплатна посета на музеи

rnМногу музеи се бесплатни во одреден дел од денот, или пак во текот на цел еден ден. Колосеумот во Рим го овозможува ова секоја прва недела од месецот, додека музејот Прадо во Мадрид е бесплатен секој ден од 18 до 20 часот.rn

8. Плаќајте во локалната валута со вашата картичка

rnНекои земји ви овозможуваат да одберете со која валута ќе плаќате кога ја користите картичката. Секогаш одбирајте ја локалната бидејќи кога ќе ја користете валутата на картичката, парите се конвертираат 2 или 3 пати. Со ова дополнителните трошоци растат дури и до 10%.rn

9. Не се држете до одредени дати

rnМногу често се случува летот некој ден пред или после вашиот да биде поевтин. За да ги проверувате ваквите промени, користете календар на ниски цени. Многу вакви сајтови ја нудат оваа опција.rn

10. Користете ги локалните пребарувачи

rnГолемите пребарувачи како Booking или SkyScanner многу често ги испуштаат локалните летови и хотели кои можеби имаат интересни понуди. Одвојте време да ги најдете локалните пребарувачи за местото кое го посетувате. За државите во Азија хотелите можете да ги барате на Ctrip или Agoda, а во Нов Зеланд и Австралија користете го сајтот Wotif.rnrnПогледнете ги и овие одлични совети кои ќе ви го олеснат патувањето.