Направете домашно масло за сончање

Сподели

Овој рецепт се појавил во времето кога на пазарот не постоеле продукти за заштита од сончевите УВ зраци, а на луѓето им била потребна заштита.

Реклама

rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • неколку моркови
  • rn011

  • неколку млади зелени ореви
  • rn011

  • неколку цветови лаванда
  • rn011

  • жалфија
  • rn011

  • маслиново масло
  • rn

rnВо мала тегла ставете неколку изрендани моркови, неколку исечкани млади зелени ореви, неколку цветови од лаванда, а можете да додадете и жалфија. Околу 60-70% од теглата наполнете ја со овие работи, а потоа теглата до врв наполнете ја со маслиново масло. Теглата ставете ја на сонце да отстои 20-25 дена и секојдневно протресувајте ја. Откако ќе пројдат дваесетина дена, течноста исцедете ја низ неколку слоеви газа.

Маслиновото масло има природен заштитен фактор 2, што е занемарлива заштита за денешното зрачење на сонцето, но поголем фактор имаат морковите и оревите, па одлично се надополнуваат, а покрај тоа ова масло ја негува кожата.

Морковите се богати со бета-каротен и витамин А и се користат во сите модерни препарати за заштита при сончање, бидејќи ја обновуваат кожата и го успоруваат нејзиното стареење, а истовремено го забрзуваат потемнувањето.

Лавандата и жалфијата исто така се одлични за негување на кожата, делуваат противвоспалително на акни, изгореници, рани, а жалфијата дополнително го намалува и целулитот. Покрај овие предности, тие на маслото му даваат и прекрасен мирис.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Содржина /затвори

Популарно

Може ќе ве интересира