КАФЕ ПАУЗА

Намирници што го забрзуваат растот на мускулите

Намирници што го забрзуваат растот на мускулите

Редовните вежби го поттикнуваат растењето на мускулите, но не можете да се потпрете само на вежбање, туку треба и внимателно да ја изберете вашата храна. Консумирајте храна што содржи протеини, здрави јаглени хидрати и масти. Исто така, за градба на мускулите ви се потребни и магнезиум, калиум, селен, калциум, железо и други витамини. Во продолжение прочитајте кои намирници ги содржат потребните хранливи материи.rnrnНамирници што го забрзуваат растот на мускулитеrn

Риба

rnРибите, а особено лососот, се едни од потребните намирници што ќе ги изгради вашите мускули. Лососот ќе ви помогне и да ги согорите маснотиите затоа што тој е единствената комбинација на омега-3 масни киселини, витамин Б и протеини со висок квалитет. Исто така, лососот содржи магнезиум, селен, калциум и железо што ги обновуваат мускулите по тренингот.rn

Киноа

rnКиноата содржи многу протеини и малку јаглени хидрати. Протеинот што го содржи се состои од сите девет есенцијални аминокиселини, а содржи и влакна, рибофлавин, калциум, витамин Е, железо, калиум, фосфор, магнезиум, фолна киселина и бета-каротен.rn

Цимет

rnЦиметот не содржи глутен и холестерол и поради тоа е уште одлична намирница за градба и за обнова на мускулите.rn

Мешункасти плодови

rnАко сериозно размислувате да изградите мускули, во вашата исхрана треба да вклучите и мешункасти плодови бидејќи тие се одличен извор на протеини, на јаглени хидрати и на растителни влакна. Протеините помагаат во градењето на мускулите и ви даваат сила, влакната се клучни за реагирање на инсулин, а јаглехидратите обезбедуваат стабилност и трајно снабдување на организмот со енергија.rn

Спанаќ

rnИстражувањето спроведено на Универзитетот „Рутгерс“ открило дека фитоекстрактите што ги содржи спанаќот помагаат во зголемување на мускулната маса за 20 проценти. Спанаќот содржи калциум кој помага да се обноват мускулите и ги спречува грчевите за време на тренингот. Исто така, тој содржи голем процент на железо што е исто така потребно за изградба на мускулите.rn

Ленено семе

rnЛененото семе содржи многу хранливи состојки кои се неопходни за губење на маснотиите и за градење на мускулите. Ова семе е еден од најдобрите извори на здрави омега-3 есенцијални масни киселини кои ги спречуваат воспаленијата во организмот. Намалувањето на воспалителните процеси е многу важно за градењето на мускулите бидејќи мускулите со помош на ленено семе побрзо ќе заздрават по тренингот. Лененото семе е и одличен извор на растителни влакна што го обезбедуваат организмот со енергија и ја зголемуваат издржливоста, а исто така е извор на протеини и на аминокиселини што му се потребни на вашето тело.rn

Сладок компир

rnСлатките компири содржат висок процент на јаглени хидрати кои го регенерираат гликогенот по тренингот. Исто така, компирите содржат витамини Б6, Ц, Е и Д, железо и магнезиум кои се многу важни за здравјето на организмот.rn

Вода

rnПокрај овие намирници што ќе ви помогнат да изградите мускули, треба да пиете и многу вода во текот на денот бидејќи хидратацијата е исто така важен дел од градењето мускули. Вашето тело е составено од 70 % вода, а мускулното ткиво е составено од 75 % вода. Освен тоа, хидратацијата на мускулите ќе ви ги зголеми нивото на сила и на енергија.rnrnПогледнете ја оваа компилација вежби за активирање на мускулите на стомакот и нозете.