КАФЕ ПАУЗА

Како да го претворите цинизмот во позитивен став?

Како да го претворите цинизмот во позитивен став?

Written by

in

,

Искуствата низ коишто минуваме го оформуваат нашиот карактер. Иако можеби имаме многу нешта за коишто треба да бидеме среќни, нашиот мозок може да биде програмиран да обрнува повеќе внимание на негативните искуства.rnrnКако да го претворите цинизмот во позитивен став?rnrnДоколку постојано сте изложени на негативни настани, сосема нормално е да развиете одредени механизми за справување со цел да го избегнете повредувањето. Еден од овие механизми е цинизмот.rnrnНе секоја цинична личност е намуртена, а дури и ако сметате дека вие имате позитивен став, сепак, сигурно и вам некогаш ви се случило да бидете цинични. Всушност, во мали количества, цинизмот може да биде и добар. Многу цинични луѓе ги ценат искреноста и интегритетот и имаат пореалистични очекувања од светот. Очигледно, ова се добри одлики, но што кога цинизмот ќе стане екстремен?rn

Постојаниот цинизам води кон песимизам

rnКога верувате дека сè што правите е бесцелно, тогаш зошто воопшто правите нешто? Почнувате да се оддалечувате од другите и целосно да го избегнувате излегувањето, и се претворате во песимист.rnrnПостојаниот песимизам пак, може да предизвика депресија и е ризичен фактор за појава на кардиоваскуларни болести. Доколку сте забележале дека кај вас почнал да преовладува цинизмот, можеби е време добро да погледнете каква е вашата интеракција со светот.rn

Како да живеете позитивно без да ги изгубите придобивките од цинизмот?

rn

Мали чекори

rnВажно е да знаете дека вие не сте родени цинични. Можеби некои настани ве натерале да ја изгубите довербата во некого и да се сомневате во вистинските намери на луѓето. Навистина е тешко да имате надеж и да бидете позитивни кога гледате дека луѓето одново и одново ги прават истите грешки. Но, не е невозможно.rnrnИсто како и секој процес на закрепнување, најпрво треба да го сфатите влијанието на цинизмот врз вашиот живот. Потоа почнете да правите мали промени за да не се чувствувате неудобно.rnrnЛесно можете да почнете со вашето присуство на социјалните мрежи. Секогаш кога ќе налетате на нешто што ве тера да оставите негативен коментар, одминете го. Ако имате да кажете нешто конструктивно, кажете го. Во спротивно, најдобро е да го чувате мислењето за себе. Но, немојте претерано да размислувате за тоа и ќе го заборавите за многу брзо.rnrnКога последен пат сте си дозволиле да мечтаете без да помислите дека тоа е глупаво? Слободно сонувајте бидејќи од овде потекнува вашата креативност. Размислувањето за нешто убаво речиси сигурно ќе ви го подобри расположението.rnrnОдбивајте ги нештата што не ги сакате, но истовремено барајте ги оние што ве прават среќни. Можете да почнете со некое хоби или активност што ви се допаѓа.rn

Опкружете се со позитивни луѓе

rnВашиот цинизам може да ве натера да се дружите со слични луѓе кои постојано ги критикуваат оптимистите. Иако можеби сакате да бидете со луѓе кои го делат вашето мислење, нема потреба да ги потценувате позитивните луѓе кои не ви згрешиле ништо. Повнимателно одбирајте го вашето друштво и ќе почнете да ги привлекувате вистинските пријатели.rnrnБарајте инспирација кај позитивните луѓе и фокусирајте се на нивните квалитети. Негувајте го вашиот дух и ценете ја добрината што ја добивате. Давајте им комплименти и охрабрувајте ги пријателите и прифатете ја поканата за забава, дури и ако мислите дека ќе ви биде здодевно.rnrnСекогаш има нешто позитивно што можете да го цените, дури и ако првиот инстинкт ви е да критикувате.rnrnПогледнете и какво е влијанието на негативноста врз вашиот живот.