Ретки се оние кои не сакаат да уживаат во доблестите на кафето, но доколку припаѓате на оваа група луѓе кои преферираат да се будат на поинаков начин, тогаш дајте им шанса на некои од овие намирници кои можат да послужат како одлична замена за кафето и да ви ја обезбедат потребната доза енергија.rn
1. Црно чоколадо
rn
rnrnБлагодарените на неговите состојки, овој тип чоколадо има позитивен ефект врз циркулацијата на крвта и ги намалува процесите кои водат до воспаление. Исто така, во едно истражување спроведено врз една група возрасни лица со синдром на хроничен умор, се забележало дека оние личности на кои им било дадено чоколадо со 85% какао во рок од 8 недели биле многу посвежи и поодморени отколку оние лица кои консумирале регуларно чоколадо.rn
2. Сок од цвекло
rn
rnrnДоколку сакате да ја зајакнете својата издржливост, тогаш нема подобар избор од сокот од цвекло. На тој начин ќе ја зголемите и својата ефикасност и ќе ја намалите потребата за поголеми количества кислород.rn
3. Храна богата со железо
rn
rnrnЕдна од најважните функции на железото е донесувањето на кислородот до вашите клетки. Затоа, доколку не го внесувате доволно во организмот, може да дојде до намалување на нивото на енергија, а да се зголеми ризикот од анемија. Железото има најголема концентрација во рибата, месото и зелениот зеленчук. Но, запомнете дека пиењето кафе или чај може да ја намали неговата апсорпцијата, па би било добро ако оброкот кој е богат со железо го консумирате неколку часа после споменатите пијалаци.rn
4. Ладна чаша вода
rn
rnrnСимптомите на дехидрација се најчесто замор и мрзливост, како и непријатните главоболки. Заборавете на кафето и започнете го денот со ладна чаша вода за да ја подобрите работата на метаболизмот. Испијте по некоја чаша и во текот на денот и телото ќе ви биде повеќе од благодарно.rn
5. Здрави оброци
rn
rnrnНаместо да ги грицкате нездравите намирници, одлучете се за некоја поздрава алтернатива како што се овошните салати и зеленчукот. На овој начин ќе го задржите потребното ниво на енергија, но и расположението.
