КАФЕ ПАУЗА

Исклучете ја следнава опција на вашите смартфони за да се заштитите од хакери!

Written by

in

Технологијата со која ги поврзуваме нашите телефони со домашните апарати, други телефони, компјутери, играчки, паметни звучници, автомобили и сите други уреди предизвикува одредени проблеми од самиот начин на поврзување. Станува збор за опцијата „блутут“ (bluetooth) кој многупати досега се покажал како вистински сигурносен кошмар во секоја смисла, а за да ги избегнете проблемите наједноставен начин е да го исклучите. Сигурно е дека барем еднаш сте ја употребиле оваа опција, но гледајте да ја избегнувате.rnrnrnrnТие што се занимаваат со технологија тврдат дека оваа опција е „највалканиот“ збор во сајбер безбедноста на денешницата. Ова е изразено во толкава мера што дури на ДЕФ КОН конференцијата, најголемото светско годишно собирање на „белите хакери“, на посетителите им било советувано одма да го исклучат блутутот и постојано да им биде исклучен. Не треба да се создаде параноја од оваа информација, но на самата конференција во Лас Вегас биле демонстрирани 10 сценарија и начини на кои многу брзо и во само неколку чекори може да се хакира уред со вклучена блутут врска. Меѓу прикажаните сценарија било и она преку паметен или обичен аудио звучник кој е поврзан со телефон или компјутер преку блутут систем.rnrnОвој пат хакерите одлучиле да прикажат како некој што е доволно злонамерен може сериозно да ви го уништи расположението, па дури и да ви го оштети слухот само ако сака и е вешт во хакирање. Само неколку дена пред одржување на ДЕФ КОН конференцијата официјално е соопштено дека блутутот е ранлив на пресретнување пренос на податоци со тој тип врска во одредени ситуации и дека е можно да се прочита целата содржина која што се разменува помеѓу уредите. Во Америка големо внимание привлекла објавата на Њујорк Тајмс со листа за тоа како продавачите ги следат корисниците кои во продавница влегуваат со вклучена блутут врска. Тие податоци кои ги добиваат додека посетителите се во продавницата ги споделуваат со трети страни и со огласувачи.rnrnПостојат многу примери зошто одма треба да ја исклучите оваа опција доколку е приклучена на вашиот смартфон. Истовремено ќе го продолжите животот на вашата батерија и ќе се ослободите од потенцијалната грижа за вашата безбедност којашто станува сè поголема грижа за секого и се плаќа многу скапо.rnrnДознајте дали некој го користи вашиот мобилен за да ве следи и да краде информации од него.