КАФЕ ПАУЗА

Наместо да гледате телевизија, правете ги овие 10 нешта откако ќе се вратите од работа

Наместо да гледате телевизија, правете ги овие 10 нешта откако ќе се вратите од работа

Written by

in

,

По неколку напорни состаноци, викања од шефот и сообраќаен метеж, сигурно едвај чекате да стигнете дома и да седнете пред телевизор. Можеби ќе ја пуштите омилената серија, а можеби со часови ќе вртите низ каналите. Но, дали е ова правилен начин да го потрошите вашето скапоцено време?rnrnНаместо да гледате телевизија, правете ги овие 10 нешта откако ќе се вратите од работаrnrnДенес може да биде вистински предизвик да најдете време само за себе. Постојано сте зафатени, па наместо залудно да го трошите и она малку слободно време што го имате, зошто да не го искористите за нешто корисно? Погледнете ги 10-те активности со кои би можеле да го замените гледањето телевизија.rn

1. Станете учител

rnУчител не е личноста којашто знае сè, туку личноста којашто може да ве научи на сè што знае. Па без разлика колку сте добри во нешто, секогаш можете да го пренесете вашето знаење на некој друг. Ако на пример сте добар готвач, зошто да не научите уште некој како да се снајде во кујната? Ова ќе ви помогне да ја зголемите вашата самодоверба.rn

2. Прочитајте книга

rnЛидерите се читачи, па наместо да го трошите времето пред телевизор нека ви стане навика секојдневното читање. Вистинска магија е да соберете нечие животно искуство само со неколку часа читање. Одбирајте книги за мотивација и самопомош коишто ќе ви помогнат да напредувате.rn

3. Бавете се со уметност

rnОткако ќе се вратите од работа почнете да цртате, да пеете, да танцувате или научете да свирите на некој музички инструмент. Секој вид креативно изразување е одличен начин да се ослободите од стресот.rn

4. Медитирајте

rnНишто нема да ве релаксира како 10-минутна медитација. Ова е најдобрата ментална вежба со којашто ќе го смирите вашето тело, ќе го релаксирате вашиот ум и ќе ја откриете моќта на внатрешниот мир.rn

5. Придружете се на некоја група

rnДенес е навистина лесно да најдете група луѓе со кои имате исти интереси и да ги споделите вашите искуства. Разговорот со истомисленици е многу подобар од бесцелното гледање телевизија.rn

6. Почнете да пишувате

rnНема потреба да станете следниот Пауло Коелјо. Без разлика дали имате бујна фантазија и дали сте добри во пишување, обидете се да го вметнете пишувањето во секојдневниот распоред.rn

7. Домашни обврски

rnСигурно веќе знаете дека домот бара секојдневно чистење, па правете го тоа наместо да гледате телевизија. Ќе се изненадите од менталното ослободување што ќе го доживеете откако ќе го исчистите просторот во којшто живеете.rn

8. Излезете со пријателите

rnКолку време поминало од последната средба со вашите пријатели? Сега е вистинскиот момент да излезете од удобната зона и да го активирате вашиот социјален живот.rn

9. Поминувајте време со семејството

rnДигиталниот свет целосно ја намали интеракцијата со реалниот свет, па важно е да ги одредите вашите приоритети. Откако ќе се вратите од работа, подобро е да поминете малку време со вашето семејство наместо да гледате телевизија.rn

10. Едноставно седете и восхитувајте ѝ се на природата

rnАко не сте подготвени за ниту една од наведените активности, тогаш едноставно одете негде, седете во тишина и само восхитувајте ѝ се на природата.rnrnАко сакате да ја зголемите вашата продуктивност овие лесни техники ќе ви помогнат во тоа.