КАФЕ ПАУЗА

Намалена концентрација, ниска мотивација и изолација: Неколку знаци за блокирани чакри

Written by

in

,

Во моментот додека го читате овој текст, низ вашето тело, како и околу вас, стури моќна енергија. Седумте чакри на физичкото тело се центри на менталната, духовната и емоционалната енергија, па само доколку тие се силни и во хармонија ќе можете да имате моќен извор од кој ќе црпете сила. Во спротивно, доколку тие ви се блокирани, енергијата што влегува во вас е ограничена. Како можете да ја почувствувате оваа блокада? Најпрво да се потсетиме на чакрите и нивните позиции…rnrnНамалена концентрација, ниска мотивација и изолација: Неколку знаци за блокирани чакриrnrnМуладхара – основна или коренска чакра (на основата на ‘рбетот, преставена со црвена светлина)rnrnСвадистана – сакрална чакра (на репродуктивните органи, претставена со портокалова светлина)rnrnМанипура – соларна плексус чакра (во областа на абдоменот, претставена со жолта светлина)rnrnАнахата – срцева чакра (на средина од градите, претставена со зелена светлина)rnrnВисуда – грлена чакра (на дното од грлото, претставена со сина светлина)rnrnАјна – челна чакра (меѓу веѓите, претставена со виолетова светлина)rnrnСахасрара – чакра на чистата совест (на врвот од главата, претставена со бела светлина)rnrnВо продолжение следуваат и знаците дека сте ги блокирале своите чакри…rn

1. Потешкотии во концентрацијата

rnЧелната чакра овозможува енергија за интелигенцијата и нашата способност за препознавање на вистината. Блокадата во оваа чакра ќе предизвика потешкотии при концентрацијата.rn

2. Проблеми со сонот

rnЧелната чакра исто така е и средиште на свесноста и светлината, односно ги регулира будноста и сонот. Проблемите со спиењето се само уште еден знак за блокираност на оваа чакра.rn

3. Чувство на беспомошност

rnСрцевата чакра ги регулира емоциите и благосостојбата, а најчестата причина за нејзина блокада е долгото изложување на константен стрес.rn

4. Потешкотии при изразување на своето мислење

rnГрлената чакра е средиште на вербалната комуникација. Нејзината блокада води кон потешкотии при изразување на своите емоции и точното пренесување на информациите околу вас.rn

5. Намалена мотивација

rnСоларната плексус чакра е средиште на физичката сила од која телото добива исхрана. Од друга страна пак, сакралната чакра претставува креативност и инспирација. Намалената мотивација може да биде знак за блокада на една од овие две чакри.rn

6. Изолација и повлекување во себе

rnСрцевата чакра е средиште на енергијата од нашите емоции. Блокадата на оваа чакра води кон одбивање за зближување со луѓето во романтични или пријателски врски.rn

7. Неможност за остварување цели

rnСрцевата чакра исто така е и поврзана со растот и развојот на индивидуата. Неможноста за постигнувањето на своите цели би можело да значи дека постои блокада на оваа чакра.rn

Како да се справите со блокадите?

rnАко сметате дека патите од блокада на чакрите, постојат неколку работи што можете да ги направите со цел да ги доведете во ред. Даниел Фаган, авторка на книгата „Бескрајно кралство“, предложува 3 едноставни начини да се ослободите од сите блокади и да ја вратите рамнотежата во својот живот:rn

    rn011

  • Прифатете одговорност за делата што сте ги направиле, а кои ве донеле до оваа ситуација
  • rn011

  • Почнете да водите белешки за да станете свесни за блокадите и можните причинители
  • rn011

  • Применувајте ја оваа водена медитација со цел да ги исчистите чакрите:
  • rn

rnrnrnАко ве заинтересиравме, прочитајте и нешто повеќе за чакрите – главните енергетски центри на телото!