Најсилните девојки се оние што доаѓаат од растурени домови. Од разведени родители. Од алкохоличари и зависници. Од крајно нефункционални семејства. Од пекол од кој цел живот се обидуваат да избегаат.rnrn
rnrnНајсилните девојки никогаш не ни имале детство, бидејќи морале да научат како брзо да пораснат. Тие морале брзо да созреат и да научат самите да се грижат за себеси, долго пред да бидат подготвени за тој чекор.rnrnНајсилните девојки знаат колку се силни бидејќи поминале низ пекол. Тие биле во ужасни битки и преживеале многу солзи, скршени шишиња, полициски автомобили… Тие искусиле цел живот ужаси за многу краток период.rnrnИмало моменти кога мислеле дека ќе се распаднат, кога мислеле дека нема шанси да излезат од дупката во која генетиката ја ископала за нив, но некако успеале да ги надминат овие темни мисли. Тие научиле дека не се исти како луѓето што ги опкружуваат.rnrnНајсилните девојки сфатиле дека не се родени за да останат во градот во кој израснале, бидејќи заслужуваат многу повеќе од тоа. Тие се девојки кои сфатиле дека не се наменети за да ги следат чекорите на родителите. Тие не се осудени на пропаст, бидејќи ги чекаат големи нешта!rnrnНајсилните девојки знаат дека ја држат под контрола својата иднина. Тие можат да направат нешто од себе, дури и покрај тоа што ќе бидат први во фамилијата. Тие знаат дека го имаат тоа што им треба да успеат, иако сите што ги познаваат им укажуваат на спротивното.rnrnНајсилните девојки знаат какво чувство создава вистинската болка. Тие знаат како е да се биде скршен однатре. Тие знаат како е да се предадени од некој кому му верувале со целото срце. Знаат и како е да исфрлат некој од животот, бидејќи тој некој бил токсичен за нив.rnrnНајсилните девојки морале да носат тешки одлуки. Тие морале да се борат за да се ослободат од товарот. Тие морале да ја избришат од умот идејата дека не се доволно добри, дека не се способни и дека ќе завршат лошо, како сите во своето семејство.rnrnНајсилните девојки учат многу од своето лошо детство. Тие учат дека минатото не ја диктира иднината, дека мора да продолжат понатаму дури и во најлошите моменти и дека самите ја обликуваат сегашноста, правејќи ја прекрасна за себе и за оние што ги сакаат.rnrnОвие девојки се доволно силни да преживеат и сами – немаат потреба од ничија помош за да ги постигнат своите цели и да го направат својот живот вреден за живеење! И за крај, тие се одмаздуваат на тој начин што заминуваат без да се свртат назад!
Најсилните девојки се оние што имале најлошо детство
