Некои навики и знаења ни се вткаени во свеста уште од раната младост, но дали тие се точни или нѐ учеле погрешно? Ова се најголемите митови за здравјето во кои веруваат луѓето.
rn
Високиот холестерол се јавува само кај постарите
rnДоколку мислите дека не мора да се грижите за нивото на холестерол во вашата крв сѐ додека не стигнете до одредена возраст, се лажете. Всушност, треба да се проверувате дури и во младоста. Лекарите велат дека секој кој има барем 20 години треба редовно да го проверува нивото на холестерол во крвта. Ова е дополнително важно денес поради лошата храна која сме навикнати да ја внесуваме. Ризикот од повисок холестерол не ги заобиколува младите.rn
Топлата вода ги отстранува бактериите
rnНѐ учеа од мали дека треба да ги миеме рацете со топла вода за да ги отстраниме бактериите. Време е да знаете дека ова е погрешно. За отстранување на бактериите е поважно миењето со сапун и правилното движење со прстите и дланките за време на миењето отколку температурата на водата. Не треба да се миете со топла вода за рацете да ви бидат чисти, велат докторите.rn
Може да се разболиме од клима-уредите
rnОва сигурно сте го слушнале многупати досега, особено доколку се чувствувате настинати, а поминувате долго време во климатизирана просторија. Вистината е дека доколку чувствувате негативна промена кога сте во климатизирана просторија, веројатно имате алергија. Алергиите, дури и оние кои се благи, се активираат кога лицето преминува од просторија во која воздухот е „прочистен“ во таква во која воздухот е полн со природни алергени.
Постојат митови и за менталното здравје, а ова се 11-те најчести, но и вистините зад нив.

