Покрај тоа што треба да ја заштитите вашата коса од УВ-зрачењето затоа што може да стане дехидрирана, сува и распукана, таа треба да се заштити и од водата од базенот полна со хлор.rnrn
rnrnПокрај тоа што хлорот од водата во базенот ги отстранува природните масла и влажноста од вашата коса, тој е полн со хемикалии кои можат да ја ослабат вашата коса и да ја променат нејзината боја ако е бојадисана. За среќа, постои решение што ќе ја заштити вашата коса од потенцијално оштетување и промена на бојата.rnrnТоа е регенераторот за коса. Пред да влезете во базен, нанесете регенератор на вашата коса што ќе биде голема бариера помеѓу хлорот и косата.rn
Како функционира оваа постапка?
rnБидејќи хлорот ја извлекува влажноста од влакната, регенераторот природно ќе ги затвори кутикулите на косата и ќе ја остави косата нахранета. Улогата на регенераторот е да го подигне нивото на влажност и на хранливи материи, да ѝ обезбеди еластичност на косата и да ја омекне.rnrnНајдобро е да користите регенератор што не мора да го плакнете, но исто така ќе ги добиете потребните хранливи материи од оние хранливи регенератори што се нанесуваат на косата при секое миење. Само внимавајте да не содржат алкохол и парфеми кои можат дополнително да ја исушат косата.rnrnИако регенераторот обично се става на влажна коса, можете да го нанесете и на сува коса – најважно е да го нанесете пред да дојдете во контакт со хлор.rnrnПогледнете ги овие 5 модерни фризури што ќе сакате да ги пробате ова лето.
