Најпознатиот факт за мачките е дека тие го преспиваат најголемиот дел од својот живот. Од друга страна, кога не спијат, тие подготвуваат план за освојување на светот. Но, има уште едно нешто кое го прават, во ситуациите додека спијат и не коваат планови за освојување на светот… Тогаш бараат место на кое можат да се стоплат.rnrn
rnrnДоказот за ова ќе го најдете во галеријата која следува. Како што може да видите, понекогаш мачката е подготвена да направи сѐ за да ја исполни третата задача во својот живот. Нема сонце? Радијаторот ќе заврши работа. Не може да најде човек врз кој ќе заспие? Тука е неговиот лаптоп. Нема радијатор, ниту лаптоп? Тука е рерната. Мачките се бескрајно инвентивни кога станува збор за барање место за спиење или топло место за починка. Да се надеваме дека не се така инвентивни кога се работи за плановите за освојување на светот.rnrn
Мачки кои ја сакаат топлината повеќе од што било друго






























