Зимската сезона секогаш доаѓа со интересна палета бои која ги разубавува тмурните денови без сонце. Покрај тренди нијансите кои се менуваат секоја година, некои бои никогаш не излегуваат од мода.rnrn
rnrnВо овој случај станува збор за нијансите како карамела и црвено вино. Овие бои се одличен избор за софистицираните дами. Но, овде спаѓаат и нежните розови нијанси.rnrn
rnrnОваа година во тренд се сите нијанси на чоколадо и карамела, а како што се наближуваат празниците фокусот се поместува на темно црвената боја.rnrn
rnrnОдлична комбинација во оваа боја носеше Меган Маркл која е прогласена за третата најмоќна „инфлуенсерка“ оваа година.rnrn
rnrnПозната бургунди боја е одличен луксузен додаток во зимската гардероба, а секогаш изгледа одлично во комбинација со карамела или со светлосина (уште еден хит за оваа зима).rnrn
rnrnАко не ви се допаѓа таа комбинација, темно црвената боја можете да ја комбинирате со светли фармерки.rnrn
rnrnОдличен додаток за зимските комбинации се и кожните елементи во оваа нијанса. Можете да одберете чизми или некоја чанта со боја на црвено вино.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете и како да ја комбинирате плетената облека со накит.
Најдобрите зимски бои за софистицирани жени
