КАФЕ ПАУЗА

Најдобрите трикови за пржени јајца: Претворете го едноставниот оброк во вкусен специјалитет

Најдобрите трикови за пржени јајца: Претворете го едноставниот оброк во вкусен специјалитет

За многу млади готвачи, пржените јајца се првото јадење што ќе го совладаат. Но, откако ќе ги скршите првите неколку јајца, тоа е веројатно техника за која не размислувате често. Всушност, за повеќето луѓе, пржењето јајца е автоматска работа, но токму тука лежи најголемата грешка. Постојат неколку работи што може да го направат ова едноставно јадење многу повкусно или да го уништат. Во продолжение прочитајте ги правилата за пржење јајца.rnrnНајдобрите трикови за пржени јајца: Претворете го едноставниот оброк во вкусен специјалитетrn

1. Користете нелеплива тава

rnКолку и да ги сакате вашите тави од леано железо, јајцата ќе залепат на нив. Тоа значи помалку јајца за вас и повеќе чистење и остатоци во мијалникот. Исто така, големината е важна – помалите тави ќе послужат за најмногу 4 јајца, а за повеќе, користете поголема тава.rn

2. Прескокнете ги млекото и павлаката

rnКолку што се поквалитетни јајцата, толку ќе бидат повкусни. Што се однесува до мрснотиите, користете маслиново масло и парче путер за да добиете одличниот вкус. Сепак, не користете само путер бидејќи може да изгори.rn

3. Не кршете ги јајцата во тавата

rnНе кршете ги јајцата во тавата затоа што белките ќе протечат по страните и некои делови ќе се испржат порано, а тоа не е добро. Скршете ги јајцата во сад и потоа турете ги во тавата.rn

4. Силиконскиот кујнски прибор е најдобар за мешање

rnДрвениот прибор не ги вади јајцата од тавата толку добро, а металниот прибор ќе го оштети нелепливиот слој на тавата.rn

5. Пржете ги јајцата на тивок оган и бавно

rnПред да ги ставите јајцата во тавата, таа може да биде на максимална температура, но откако ќе ги ставите јајцата, намалете ја температурата. Ако ги пржите на висока температура, јајцата ќе се испржат премногу брзо и ќе станат суви.rn

6. Не пржете ги до крајот

rnЈајцата се протеини и, како и сите други протеини, тие ќе продолжат да се готват уште некое време откако ќе ги тргнете од шпоретот.rn

7. Не заборавајте ги додатоците

rnКој не сака пржени јајца со сирење или со зачини? Но, што и да додадете, особено ако е сирење, треба да го промешате по пржењето. Од зачините, најдобро е да додадете зачин со благ вкус како магдонос или власец. Исто така, додајте сол и бибер на самиот крај на пржењето, инаку солта ќе ја извлече влагата од јајцата.rnrnПогледнете како да ја искористите кората од лимонот за да добиете вкусен оброк.