Дојде летото, а со него и времето за носење слатки и привлечни мини здолништа. Како и секогаш, тие и кратките шорцеви се најомилените парчиња облека на девојките во текот на топлите денови. Понекогаш навистина е тешко да пронајдете вистински баланс во носењето на овие здолништа, а тие да изгледаат пристојно, модерно, но и привлечно. Можеби токму овие идеи ќе ви помогнат во тоа. Па затоа, пронајдете го вашето мини здолниште и комбинирајте го на најдобриот начин.rnrn
rnrn1. Краткото здолниште можете да го носите со краток топ. Најважно е да не носите некој впечатлив накит, бидејќи премногу ќе ја нагласите комбинацијата, но исто така, добро е да ги избегнете и високите потпетици. Изберете спортски патики или балетанки.rnrn
rnrn2. Лелеавото мини здолниште можете да го комбинирате со едноставна блуза и оксфордки, кои ќе бидат доста занимливи во оваа модна комбинација. На овој начин ќе добиете модерна, впечатлива модна комбинација која исто така е сосема пристојна, но и која ќе привлече внимание.rnrn
rnrn3. Кендал Џенер умее совршено да го комбинира ова парче облека. Едноставна блуза, со помала чанта и чизми до глуждовите, е една од нејзините омилени комбинации во која секогаш изгледа одлично.rnrn
rnrn4. И Ријана има одличен моден вкус за ова парче облека. Таа сака класични споеви во секојдневните улични модни комбинации, па така мини тексас здолништето го комбинира со поширока, бела кошула која благо е вовлечена во самото здолниште. На овој начин ќе добиете прикладен, но и сосема сексапилен изглед.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за да ги погледнете останатите начини за комбинирање мини здолништата.rn
Најдобрите начини за комбинирање мини здолништа
