9 знаци дека носите погрешен број на градник

Сподели

Поголемиот дел од жените носат градници секојдневно. Но, 80% од дамите носат градник со погрешна големина. Важно е вашиот градник да биде со вистинската големина бидејќи така ќе им нуди подобра поддршка на вашите гради. Следниве 9 знаци покажуваат дека можеби треба да го промените бројот на вашиот градник.

Реклама

rn

1. Ви излегуваат градите

rnНајочигледен знак дека градникот ви е со погрешна големина е излегувањето на градите. Ако ви се случува ова, можеби треба да купувате 1 или 2 броја поголем. Ќе се чувствувате многу поудобно, а вашите гради сигурно ќе изгледаат подобро.rn

Реклама

2. Го закопчувате градникот на последното копче

rnСпротивно од верувањето на повеќето девојки, градникот треба да го закопчувате на првото копче, наместо на второто или третото. Со текот на времето градникот ќе се прошири, па ќе стигнете до најширокото.rn

3. Задниот дел ви е до лопатките

rnЗадниот дел од градникот треба да стои на средината на вашиот грб, а не на горниот дел. Во овој случај или разлабавете ги прерамките или купете малку поголем број.

rn

Реклама

4. Ви остануваат траги од прерамките

rnПрерамките од градникот не треба да се „закопани“ во вашите рамена. Ако од нив ви остануваат црвени линии или разлабавете ги или купете градник со помали корпи. Помалата корпа на градникот ќе го намали притисокот на вашите рамена и ќе овозможи подобра поддршка за вашите гради.rn

5. Има простор помеѓу корпата и градите

rnОва е веќе очигледен знак. Или затегнете ги прерамките или купете помал градник.rn

6. Имате испакнатини на грбот

rnНикој не сака да има испакнатини на грбот од премногу тесниот градник. Во овој случај можете да го закопчате градникот на првото копче. Ако и тогаш е премногу стегнат, купете поголем број.

rn

7. Прерамките ви се премногу лабави

rnСигурно ви е позната ситуацијата кога ви паѓаат прерамките од градникот. Наместо цел ден да ги местите, затегнете ги, но не премногу. Оставете простор од 2 прста кога ги затегнувате.rn

8. Не сте правилно измерени

rnИако можеби ќе биде непријатно, важно е правилно да бидете измерени. Одете во продавница за градници и замолете некој од вработените да ве измери. На овој начин тие ќе ви го кажат точниот број.rn

9. Со години носите ист градник

rnГрадниците се менуваат со текот на времето. Ако не можете да се сетите кога последен пат сте купиле, можеби е време за нов градник. Колку често купувате градници зависи од нивниот квалитет и од тоа колку често ги носите. Препорачливо е да го менувате градникот на секои 8 месеци.

Понекогаш навистина е потребно да ги одморите вашите гради. Па, погледнете како да излезете од дома без градник.

Најново

Може ќе ве интересира