КАФЕ ПАУЗА

Најдобрите есенски совети за убавина

Најдобрите есенски совети за убавина

Иако есента се карактеризира со темни, врнежливи и ладни денови, тоа не значи дека не можете да изгледате свежо, одморено и убаво како во лето. Овие есенски трикови и совети за убавина, гарантирано ќе ви го подобрат изгледот.rnrnНајдобрите есенски совети за убавинаrn

Негувајте го природниот изглед на веѓите

rnПолните веѓи се многу попривлечни од тенките, а да не ги ни спомнуваме цртаните. Отстранете ги непотребните влакна, а потоа поминете ги веѓите со моливче, една нијанса посветло од вашата природна боја.rn

Дадете ѝ свежина на вашата кожа

rnНаправете пилинг, потоа нахранете ја кожата со креми и лосиони за вашиот тип кожа, правејќи ѝ лесна релаксирачка масажа. На овој начин ќе ги отстраните изумрените клетки и остатоците од шминка, а кожата ќе ви блесне со нов сјај.rn

Лак за нокти во маслинести бои

rnВојничко зелената боја е хит оваа есен. Оваа боја одговара на сите типови кожа, а можете да искористите и некоја друга боја од оние кои се носат оваа есен.rn

Нахранете ја вашата коса

rnСвежината на вашата коса можете да ја вратите со голем број маски богати со хранливи состојки, а можете да пробате и домашна маска за коса, која ќе ја направите со мешање малку маслиново масло, едно јајце и еден лимон. Откако потоа ќе ја измиете косата со шампон, исушете ја и испеглајте ја. Косата ќе ви блеска.rn

Испробајте фризура која му стои на секој облик на лице

rnКога ќе почувствувате потреба за промена на фризурата, зошто да не пробате боб? Оваа фризура му стои на секој облик на лице, а може да биде рамна, брановидна или коса.rn

Долги трепки

rnНишто не ги отвора и нагласува очите, повеќе од долгите трепки. Пробувајте повеќе типови маскара сè додека не ја најдете онаа што најмногу ви одговара. Нанесувајте ја во густи слоеви за да добиете подраматичен изглед.rn

Масла за тело за мека кожа

rnКремите и лосионите не се единствен начин за хидратација на кожата. Маслата за масажа се одлични и ќе ви дадат сјаен ефект.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.