Гасовите се непријатна, сепак нормална појава која не може да се избегне, но од неа може да се добијат некои информации поврзани со сопственото здравје.rnrn
rn
Нарушување на бројот на бактериите
rnБактериите предизвикуваат ферментација, односно разградување на храната која сме ја изеле. Разградувањето започнува во желудникот и продолжува во цревата, но понекогаш трае предолго и затоа се ослободуваат гасови. Причината за тоа може да биде вирус, но и тешка храна.rn
Тешка храна и газирани пијалаци
rnТешката храна, која најчесто е мрсна, многу тешко се вари и затоа останува подолго во цревата. Ако со неа консумирате и газирани пијалаци тогаш тој процес е уште потежок и побавен и секогаш завршува со создавање големи количини гасови. Тоа е знак дека организмот не ја сака таа храна и треба да ја одбегнувате.rn
Јадете брзо
rnКога јадете брзо заедно со храната во желудникот внесувате и воздух кој предизвикува подуеност. Тој воздух подоцна излегува во форма на гас или со ждригање.rn
Нетолеранција на храна
rnЗголемената количина на гасови може да значи и дека не сте толерантни на храната која поминува низ вашите црева. На пример, со тек на време телото може помалку да ја толерира лактозата и поради тоа ќе создава гасови при варењето на млекото и млечните производи.rn
Нередовни празнења
rnПотребно е остатоците од храната кои не се потребни секојдневно да се исфрлаат од телото. Ако тие останат предолго во вашите црева, бактериите ќе си го направат своето и ќе предизвикаат создавање на гасови.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.