Изборот на кариера е еден од најважните избори во вашиот живот, кој пред сè треба да биде базиран на вашиот карактер. Постојат луѓе кои уживаат да работат во групи, постојано да комуницираат и да се дружат со колеги и клиенти, но има и такви на кои комуникацијата не им е баш јака страна. Вие треба да уживате во она што го работите без ништо да ве спречува. Не треба да се трудите да се промените, треба само да ја изберете соодветната професија за вас. Доколку сте посрамежливи, ова се професиите кои се најприкладни за вас:rnrn
rn
Програмер
rnАко имате познавање од компјутери и програмски јазици, можеби ова е совршената работа за вас. Програмерите креираат софтверски програми работејќи во затворени канцеларии, најчесто сами. Секако дека мора да има комуникација и соработки со фирми и личности бидејќи комуникацијата во ниедна професија не може да биде сведена на нула, но сепак од овој аспект имаат повеќе олеснителни околности за разлика од други професии.rn
Сметководител
rnАко сте срамежливи, но добри со бројки, зошто да не се насочите кон ваква кариера? Сметководителите подготвуваат финансиски извештаи и евиденции и се грижат за точноста и исправноста на финансиските документи. Се случува сметководителите да имаат директен контакт со клиенти, но нивната снаодливост во секојдневната комуникација не е пресуден фактор за тоа колку успешна кариера ќе имаат.rnrn
rn
Помошник-адвокат
rnСамо затоа што сте срамежливи не значи дека треба да се откажете од кариера како правник. Ако го сакате правото, можеби би било најдобро да бидете помошник-адвокат. Станува збор за асистенти на високо квалификувани адвокати кои изработуваат извештаи и спроведуваат правни истражувања.rn
Графички дизајнер
rnДали сте креативни и имате уметнички ум? Доколку не би можеле да се замислите себеси во секојдневна интеракција со различни клиенти, кариерата како графички дизајнер е совршена за вас. Графичките дизајнери цртаат визуелни концепти, рачно или на компјутер. Најчесто креираат изглед за веб-сајтови или печатени материјали, како брошури, списанија и корпоративни извештаи, како и телевизиски реклами.rnrn
rn
Истражувач на анкети
rnЗадача на луѓето со ваква професија е да прават анкети и да истажуваат кои се ставовите, плановите и желбите на населението. Анкетарите се платени од разни видови организации кои поради одредена причина сакаат да дознаат кои се мислењата на луѓето на некоја тема. Оваа работа бара контакт со луѓе, но најчесто преку телефон или интернет.
