„Вистината за Германците“ се серија комични, но и по малку луди фото-манипулации, чија цел е да ги разбијат постоечките предрасуди и стереотипи за овој народ. Тие се дело на младата Германка, Кристен Вилминк, која твори под мотото: „Дома е онаму каде што е уметноста“. Како модели, таа ги користи членовите на семејството. 
Фото-манипулациите се дипломска работа на Кристен, на Академијата за визуелни уметности „ArtEZ“ во Холандија. Тие оставаат простор за размислување, што е вистина, а што мит за Германците. Внимавајте на деталите во нив.








rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
