Многу луѓе поголемиот дел од времето го минуваат седејќи. Ова е најчесто поради работата, па не можат да направат многу во врска со тоа. Но без физичка активност, телото станува помалку подвижно и со текот на времето почнува да акумулира вишок масти.rnrn
rnrnСето ова може да предизвика и сериозни здравствени проблеми, па од голема важност е да одвоите време барем за неколку едноставни вежби. Јапонскиот експерт за слабеење по име Тамајо, ја има совршената вежба за зафатените луѓе.rnrnСтанува збор за вежба за истегнување со која се активираат мускулите на стомакот и грбот. Исто така, оваа вежба активно делува и на внатрешниот дел од бутовите.rn
Како да ја направите вежбата?
rn
- rn 011
- Застанете со раширени нозе и отворени стапала. Колената и прстите на нозете треба да бидат свртени во иста насока.
- Свиткајте ги колената, а за подобра рамнотежа поставете ги рацете на нив.
- Наведнете се напред, свртете го десното рамо кон лево и навнатре, така што левото ќе биде назад. Треба да почувствувате истегнување на мускулите во бутот, стомакот и грбот.
- Останете во оваа положба 3 секунди, па вратете се во почетната позиција.
- Повторете и на другата страна.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnДвижењата треба да ги изведувате полека и внимателно и постојано да ја чувствувате напнатоста во мускулите. Правете ја вежбата 2 пати дневно, со по 10 повторувања.rnrnМожете да погледнете како правилно да ја изведете вежбата и на видеото во продолжение.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=_7hr3IGFwI0rnrnПогледнете ја и вежбата со која можете да го обликувате целото ваше тело.
