Жените сакаат да бидат независни, но длабоко во себе, сакаат да бидат третирани како дами. Но, реалноста е поинаква и денес ретко ќе сретнете вистински џентлмен. Во продолжение прочитајте како да го освоите срцето на една жена преку вашето воспитување и вашиот начин на однесување.rnrn
rn
1. Ви ја држи вратата отворена
rnЕден од знаците дека тој е кавалер е отворањето на вратата и повлекувањето настрана за вие да поминете први. Истото важи за поместувањето на столот за да седнете и кревањето тешки предмети.rn
2. Ви се јавува кога ќе рече дека ќе ве побара
rnЖените се навикнати да чекаат повик од својот партнер со часови и постојано да го проверуваат телефонот и нема ништо повеќе вознемирувачко од тоа.rnrnАко тој ви рече дека ќе ви се јави во 17:30 часот и ви се јавува токму во тоа време, потрудете се да го задржите во вашиот живот.rn
3. Не игра игри
rnНема ништо попривлечно од тоа јасно да ви даде до знаење дека е заинтересиран за вас и дека му се допаѓате.rn
4. Изразување интерес за средба со вашето семејство и со вашите пријатели
rnАко вашиот партнер е заинтересиран да се запознае со вашето семејство и со вашите пријатели, тогаш тоа е знак дека има сериозни намери со вас.rn
5. Покажување љубов во јавност
rnЖените сакаат кога мажите им изразуваат љубов во јавност, па доволно е да ве фати за рака додека се шетате или да ве бакне на образ. Самиот факт што тој сака да им покаже на другите дека ве сака, прави да се чувствувате фантастично.rn
6. Ви се јавува за да провери дали безбедно стигнавте дома
rnВе чека да стигнете дома и потоа ви се јавува за да провери дали сте на безбедно. Исто така, никогаш не ве остава сама на застрашувачки и небезбедни локации.rn
7. Ви ја нуди својата јакна кога ви е ладно
rnАко некој е спремен да го издржи ладното време и да ви ја даде неговата јакна само за да ви биде топло и пријатно, бидете сигурни дека покрај вас имате вистински џентлмен.rn
8. Се грижи за вашето мислење и ве почитува
rnАко партнерот има сериозни намери со вас, тој ќе сака да научи повеќе работи за вас, за тоа како размислувате и како реагирате. Она што најмногу треба да го цените кај партнерот е тоа што тој ги почитува вашите мислења и ставови.rnrnПрочитајте како да ги препознаете луѓето кои може да ве повредат.