Можеби знаевте дека тој е вистинскиот за вас уште кога прв пат го слушнавте неговото име. Потоа, како што зборувавте, сѐ повеќе се уверувавте во тоа. Станавте блиски и откривте дека имате безброј сличности. Не е тоа дека имате заедничка омилена книга, омилен филм или дека практикувате исто хоби. Тоа е нешто подлабоко.rnrnНачинот на којшто ги споделувате емоциите со таа личност прави да сфатите дека делите исти мислења, планови и соништа. Сфаќате дека сте како парчиња од различни сложувалки, коишто се вклопуваат совршено. Верувате во еден Бог и дека тој одлучил вие двајца да се запознаете.rnrn
rnrnВелат дека кога ќе ја пронајдете својата сродна душа, вие едноставно ќе го знаете тоа. Но, во свет полн со мистерии и измислени приказни, ние избираме да веруваме само во она што сакаме да веруваме. Па, како да се прифати нешто како вистина, кога единствената причина што ја имате е тоа што вие самите верувате? Па, се прашувате: Дали е ова парадокс? Дали како што погледнувате подетално на работите, вашата визија не останува толку јасна? Тогаш станувате несигурни и постојано барате одговор или некој знак којшто ќе ви ја покаже насоката. Можеби ова не е случај и кај другата личност. Можеби таа сѐ уште нема сфатено дека вие сте предодредени да бидете заедно, а можеби и никогаш нема да сфати.rnrnСепак, не треба да чувствувате каков било вид грижа, затоа што најтешката одлука ве донела онаму каде што сте денес. Сте ја запознале личноста која ви одговара и таа била присутна во само дел од вашиот живот. Можеби тоа е причината што овие личности се наречени сродни души – затоа што тие одговараат на небото, но не се предодредени да останат на земјата. Па, од една страна тоа е во ред. Кој знае што се случува по смртта?
Можеби е добро што не завршуваме со нашите сродни души во овој живот
