Маникирот кој ви го предлагаме изгледа слатко и паметно истовремено. Воедно нуди многу можности за експериментирање со формите и боите и прилагодување на мозаикот според моменталната инспирација на оние со четкичките во рака. Ви посакуваме трпение и успех за овој маникир. Делува тешко изводлив, но со постапката објаснета чекор по чекор, нема да имате проблем да го изведете и потоа да се воодушевувате на вашите нокти.rnrn
rn
Потребно ви е:
rn
- rn011
- Црвен лак
- Лак со костенлива боја
- Розов лак
- Син лак
- Лак со златни светки и тенка четкичка
- Проѕирен лак за финиш
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnМожете да користите лакови во секакви бои, но треба да внимавате оние за погорните слоеви да бидат непроѕирни за да можат да ги прекријат подолните слоеви. Исто така, за овој маникир добро би ви дошла помош од асистент.rnrnЧЕКОР 1: Нанесете еден слој црвен лак на сите нокти и почекајте да се исуши.rnrn
rnrnЧЕКОР 2: Потоа нанесете од костенливиот лак во различни аглести форми. Па така, обојте еден агол на еден нокт, а на друг нанесете лак во форма на триаголник во средината на ноктот. Сите нокти нека бидат обоени во различни форми. Не грижете се ако рабовите не ви излегуваат рамни, бидејќи тоа ќе се поправи со лакот со светки. Доколку има потреба, откако ќе се исуши првиот слој, додадете уште еден и почекајте и тој да се исуши.rnrn
rnrnЧЕКОР 3: Сега со розовиот лак направете комплементарни аглести форми како со костенливиот. Нанесете на сите нокти и почекајте да се исуши.rnrn
rnrnЧЕКОР 4: На крај повторете го истото и со синиот лак.rnrn
rnrnЧЕКОР 5: Со тенката четкичка нанесете од светкавиот лак по рабовите на секоја боја повлекувајќи лесни еднакви потези. Можете да повторувате повеќе пати додека да бидете задоволни од густината на светките, секако со паузи за засушување на секој слој.rnrn
rnrnЧЕКОР 6: Кога ноктите ќе се исушат, нанесете и проѕирен лак за финиширање (top coat) и почекајте и тој да се исуши.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
