Слаткиот компир сè уште не е доволно застапен во нашата кујна. Во рестораните за брза храна се служи како класичен помфрит со додатоци како сос или како прилог на вкусни хамбургери. Сепак, постојат разноразни рецепти и начини за приготвување на овој зеленчук.rnrn
rnrnСлаткиот компир доаѓа од Јужна Америка и многубројни нутриционисти го вбројуваат во листата на здрави намирници. Одличен избор е за сите оние кои сакаат да ослабат, а можат да го консумираат и оние кои имаат проблеми со шеќерот во крвта. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт на денот за полнет сладок компир.rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 4 средни слатки компири
- 150 грама путер
- 200 грама панцета
- 1 мал кромид
- кисела павлака
- сол, бибер и свеж власец
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Загрејте ја рерната на 230 степени целзиусови. Измијте го слаткиот компир, исушете го, посолете го и оставете го да се печи еден час.rnrn2. Исечете ја панцетата и оставете ја да се пржи без масло. Кога ќе биде испржена, на нејзино место додадете го кромидот.rnrn3. Кога слаткиот компир ќе биде готов, исечете го на два дела, но не целосно.rnrn4. Растопете го слаткиот путер и додајте го врз топлиот сладок компир, а потоа додајте ги кромидот и панцетата.rnrn5. Намалете ја температурата на 200 степени и вратете го слаткиот компир во рерна. Печете околу 15 минути. Послужете со кисела павлака и власец.rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за полнет сладок компир, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за хумус од сладок компир.rnrnИзвор: