КАФЕ ПАУЗА

Модните трендови од Лондонската недела на модата 2013

Модните трендови од Лондонската недела на модата-2013

Лондонската недела на модата, како и секогаш, предизвика лавина на реакции, наметнување нови трендови и задоволство на лицата на љубителите на модата. Иако лондонската треска заврши, ќе остане запаметено спектакуларното шоу, откачените текстури, нео-панк креациите и шаренилото од бои. Ова се 6 модни трендови од овогодишното лондонско модно шоу.rn

Панк во стилот на 21-ви век

rnМодните трендови од Лондонската недела на модата-2013rnrnСо тесни мини здолништа, разни принтови и отпечатоци од слогани, панкот навистина се истакнуваше кај многу од моделите. Изгледот беше надополнет со луксузен накит и шпиц-обувки.rn

Огромни здолништа

rnМодните трендови од Лондонската недела на модата-2013rnrnПовторно станува збор за враќање на еден моден тренд, но овој пат во сосема поинаков стил. Здолништата не се изработени од традиционални материјали, а изгледот е надополнет со џемпери и кошули, што отсликува еден многу порелаксиран стил.rn

Смело комбинирани бои

rnМодните трендови од Лондонската недела на модата-2013rnrnВнесете бои во вашиот плакар! Смелото комбинирање на бои е во тренд, ставете цела палета од бои на вас, или комбинирајте ги обувките со палтото. Целта е да привлечете внимание со бои кои се истакнуваат.rn

Висок сјај

rnМодните трендови од Лондонската недела на модата-2013rnrnОгромен тренд за наредната есен, ПВЦ-кожа. Какво било парче облека, фустан, капут, здолниште… Ваквиот изглед со сигурност привлече внимание како нов моден тренд.rn

Графички плетки

rnМодните трендови од Лондонската недела на модата-2013rnrnВаквата храбра текстура е добредојдена во вашиот плакар. Плетените текстури се во комбинација со сосема спротивни принтови и дизајни.rn

Ролки

rnМодните трендови од Лондонската недела на модата-2013rnrnМеѓу многуте работи кои прават камбек се и ролките. Не само што наесен ќе треба да внимавате да ви биде топло на вратот, ролките се секси и женствени. Не секогаш тоа што е премногу разголено е секси, некогаш е токму обратното.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.