На сите ни е добро познато дека секојдневните маки започнуваат со првите утрински сончеви зраци. „Што да облечам денес?“ е прашањето кое без сомнение секое утро мачи милиони жени ширум светот. Но, како што се ближи пролетта, така сите ние почнуваме да размислуваме за промена на секојдневните модни комбинации, бидејќи благодарение на сонцето можеме полесно да се облекуваме, па ова само дополнително го отежнува утринското прашање за облеката.rnrn
rnrnТокму затоа и модните блогерки решиле да остават неколку едноставни совети, со кои ќе ви помогнат секој ден да изгледате опуштено, додека истовремено сте и стилски облечени без да губите многу време во одбирањето на парчињата облека. За оние кои сакаат подолго да спијат и ја немаат моќта за спонтано облекување во раните утрински часови, следуваат неколку совети кои ќе ви го олеснат модниот избор.rnrnАко видите некоја инспиративна, а едноставна дневна комбинација, зачувајте ја така што ќе ја фотографирате или едноставно ќе ги запишете оние парчиња облека кои ви се допаѓаат, а кои сè уште ги немате во вашиот гардеробер.rnrn
rnrnАко сте успеале да составите модна комбинација која навистина ви се допаѓа и совршено ви прилега, можете и понатаму да ја повторите со неколку минимални измени (марама, чанта, каиш, чевли…), па фотографирајте ја за да не ја заборавите.rnrn
rnrnКаде можете на едно место да пронајдете секојдневна инспирација и да ги сочувате сите оние аутфити кои ви се допаѓаат? Одговорот е Пинтерест! Станува збор за социјална мрежа која овозможува инспирација за сите сфери во животот, особено во модната.rnrn
rnrnКога ќе легнете да спиете, во моментите пред да заспиете, наместо да го мачите вашиот мозок со секојдневните проблеми, одморете го така што ќе размислите што би можеле да носите наредниот ден. Така ем ќе имате подготвен аутфит за утрото, ем полесно ќе заспиете.rnrnОбидете се овие корисни совети да ги претворите во дневна рутина, бидејќи тие ќе ви помогнат да си заштедите време и да си го олесните секојдневниот живот, особено во текот на раните утрински часови.
Модните блогерки советуваат: Едноставни начини да ги освежите дневните модни комбинации
