КАФЕ ПАУЗА

Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

Колку и да ни е тешко да признаеме, летото полека си заминува, и иако некои од нас сѐ уште се печат на топлите плажи, набрзо ќе треба да се прилагодиме на есенското време. За девојките е тешко да се откажат од сите кул аксесоари, маички и фустанчиња во весели бои и дезени, па еве неколку модни трикови како да продолжите да ги комбинирате, барем на почетокот на есента.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

Мора да имате пар црни хулахопки

rnОва парче облека ви е неопходно за да ја направите полесна транзицијата кон есента. Тие се совршени за комбинирање со сѐ што имате, како летни здолништа, фустани или шорцеви, особено ако се во потемни бои.rnrnИмајте ги во различни дебелини за да можете да си го прилагодите изгледот на временската состојба. Алтернативно можете да комбинирате доколенки кои одат одлично со летните фустани.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

Мешајте летни бои со есенски нијанси

rnДочекајте ја есента полесно мешајќи ги светлите летни бои со типичните топли есенски нијанси како портокалова, сенф боја, кафеава и црвена. Исто така, можете да додадете и парче со животински принт.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

Облекувајте се во слоеви

rnКога ќе настапат постудените денови, обично сакаме да се чувствуваме удобно и топло во нашата облека, па облекувајќи се во слоеви ќе можете совршено да ги искористите летните маички и здолништа.rnrnНо запомнете, кога облекувате слој врз слој, секогаш треба да ви биде истакната вашата женствена фигура, така што еден дел од телото ќе го оставите само делумно покриен или пак ќе ја потенцирате вашата линија со помош на ремени и прилепена облека.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

Додадете марама

rnМарамата е совршениот моден додаток. Таа е вашата најдобра пријателка за премин од една во друга сезона и одлично го надополнува изгледот. Изберете голема и долга марама која можете да ја носите како шал за супер удобност и екстра топлина. Бесконечните марами се сѐ уште ин, па можете убаво да ги искомбинирате со маичка со кратки ракави или со топ без ракави.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

Комбинирајте со џемперчиња

rnПлетените волнени џемперчиња се очигледен додаток на летната облека во есен. Може да се комбинираат со летни фустанчиња, долги фустани или со маички и секогаш ќе даваат удобен и шик изглед. Може да се носи широк модел или врзан со ремен за поженствен изглед.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенЕве неколку модни комбинации кои прикажуваат како да се применат овие модни трикови во практика.rn
rn

Макси фустан + црно капутче + штикли + плик чанта + висечки обетки + кожна алка

rnМодна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

Тексас шорц + војничка јакна + хулахопки + обична маичка + моторџиски чизми + едноставна алка

rnМодна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

Летен фустан + црни хулахопки + црно палтенце + неонски чевли + голема чанта + кожна алка

rn(9) Модна транзиција: носете ја летната облека во есен
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.